Зоки Фаци објави нови фотографии и ги загрижи фановите – КОНТPOВЕРЗНИОТ НОВИНАР објави слики од болница?!
Поранешниот водител кој и покрај тоа што подолго време го нема на малите екрани знае како да привлече внимание.
Зоран Василевски или Зоки Фаци како што е познат во јавноста се повлече и стана инфлуенсер.
Зоки својата кариера ја започнал уште многу млад, а за кратко време се стекнал со голема популарност.
Она што малкумина го знаат е тоа дека Зоки по професија е ветеринар. По завршувањето на школувањето веднаш аплицирал да работи во Зоолошката градина во Скопје.
Животот му го променил еден оглас во весник, на кој се барало ветеринар да пишува статии за животни. Така започнала неговата новинарска кариера.
Тој важи за човек без „влакна на јазикот“ односно секогаш го кажува она што го мисли, па затоа на многумина не им се допаѓа толку поради таа причина.
Повеќе не работи како новинар, сега за сега е дел од маркетинг, односно ПР тимот на познат угостителски објект во Скопје.
Сепак деновиве тој ги загрижи своите фанови откако на кратките инстаграм приказни објави фотографии од болница.
Најпрвин објави фотографија на која се гледаат нозе и ќеса со крв, а на втората покажа дека прима и инфузија, но сепак ликот не го покажа, а не објасни ни за што точно станува збор.
Овие фотографии дефинитивно не ги оставија неговите фанови рамнодушни, па многумина се запрашаа што се случува со Зоки.
Инаку тој во емисија со Стефан Лазаров рече дека му пукнал филмот и не сака да биде на телевизија после 14 години кариера, а денес е инфлуенсер.
„Нашите македонски ѕвезди треба да сфатат дека ако се бавиш со шоу-бизнис треба да се сфати дека тоа е двојно поле, но нашите ѕвезди губат што не се појавуваат во вакви емисии како твоите и мојата. Немал дечко, не се coблекyвала, не била таква, па нема што да прашаш. Светските ѕвезди станаа такви, еве пример Мерлин Монро или Џенифер Лопез која се соблече на 50 години, но кога Тамара го направи тоа сите ја критикуваа“ изјави тогаш популарниот водител.