Здравко Чолиќ ѕвезда во буквална смисла на зборот: Ѕирнете во неговата вила, соседите откриваат каков е пејачот!

Здравко Чолиќ миленикот на сите генерации живее во елитна и мирна населва заедно со сопругата Александра и ќерките Уна и малата Лара.
Вилата на Чолиќ е опкружена со зеленило со огромен двор, две капии и домот му е обезбеден со сите безбедносни мерки.
Соседите многу го почитуваат Чолиќ, а една од нив е и Сања која признала дека првата средба со Здравко ја имала на детското игралиште.
– Прв пат кога сум го видела, не можев да верувам. Неговите деца и моите деца си играа заедно на игралиште.
Мене ми се обрати некој човек, кога видов тоа бил Чола. Јас се скаменив, гледав и не верував. Тој убаво се насмеа и од тогаш секогаш се поздравуваме кога ќе се сретнеме на игралиштето.
Воглавно, сега доаѓа само со малата Лара, постарата порасна, исто како и мојата. Човекот е народен, човечиште, се најдобро можам да кажам за него – открива соседтката Сања за Блиц.рс, додека соседот Богдан вели дека Здравко треба да биде пример за сите познати личности.
– Чола е господин, секој тоа ќе ви го каже. Се среќаваме често на прошетка, а и во соседните ресторани.
Секогаш ќе се поздрави убаво и многу е љубезен. Тој треба да биде пример и за другите познати личности како треба ѕвезда да се однесува.
Мислам дека таква пејачка големина веќе нема да има на нашите простори. Вежба често, многу е дисплиниран и е во топ форма секогаш.
Една соседка открила дека му завидува на Чола што усшева да го сочува семејството од јавниот живот.
– Знам се за Здравко, но нема да ви кажам. Мојата куќа е блиску до неговата, а и од исто место доаѓаме.
Мислам дека Чола е најпаметниот од сите познати личности што ги крие своите најблиски, а така треба и да остане.
Колку што гледам, тоа и го почитуваат и келнерите и соседите и никој до сега не се осмелил да го наслика скришно него и неговото семејство.
А знаете зошто е така, затоа што Чола е голем човек и таков третман и од народот заслужува, вели таа.
Соседтка Снежана открива дека и е жал што ниту еднаш се нема сликано со него кога имала прилика.
– Во една прилика поминина покрај мене со автомобилот, возачот го возеше и излезе нешто да му куши од трафика.
Јас го прашувам „Дали тоа е Чола во автомобилот“, а тој ми потврди со главата. Мене ми беше срам да му пријдам и да се сликам со него, што да се прави тој е голема ѕвезда, кој знае колку му досадуваат за сликање.
Еве и денес сакам да се сликам ако повторно имам прилика за тоа. Чолиќ е нашата најголема ѕвезда, искрена била Снежана која е горда што Чола и е сосед.
Ѕирнете во прекрсната вила на најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ:
Вилата е огромна и е заградена со големи бетонски ѕидови, но и со големи безбедносни мерки.
Во продолжение погледнете како изгледа кога Здравко Чолиќ полни преполни сали, навистина Чола како и пред две децении се уште е миленик на сите генерации, на настапите доаѓаат од 7 до 77 години.
Се надеваме дека уште многу децении ќе имаме прилика да уживаме во најголемите хитови на најголемата балканска ѕвезада.