Згодната мама за првпат реши да го покаже синчето- на познатата македонска пејачка никој не и верува дека има родено две деца

Девојката која со својата појава на Евровизија долго ќе се памети од ден на ден е сè поубава.

Јана Бурческа е одлична пејачка, но и ТВ водителка, а токму на Евровизија во 2017 година момчето што го претставија како Александар ја запроси Јана, а само неколку моменти пред тој да клекне, Јана објави дека е бремена .
Таа ја роди својата прва ќеркичка која веќе Дона, а минатата година го доби и синчето Дарин.
Деновиве таа убавото време го искористи за прошета со своите најмили, па иако ретко споделува приватни фотографии Јана направи исклучок.

На инстаграм постави стори од Дарин додека го шета во количка.
Иако повеќето жени имаат проблеми со линијата по породувањето, тоа не е случај со нашата Јана Бурческа.

Таа сè уште има манекенска линија, а тоа често го пажува и на социјалните мрежи.
Јана веста дека е бремена ја објави во кратко видео непосредно пред нејзиниот настап на Евровизија кога пред камерите беше запросена од нејзиниот сопруг и колега од бендот, Александар Филиповски, а како што веќе споменавме и запросувањето беше јавно.

Александар среде гласање извади прстен и клекна пред Јана.

Пред да настапи македонската претставничка на Евросонг со промотивниот спот објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.


