Затрашувачки: Алигатор изгризал жена која се обидувала да го заштити своето кученце

На ново видео кое се споделува на социјалните мрежи прикажан е застрашувачкиот момент кога алигатор се фрла врз жена која го шета своето куче покрај езеро во Флорида, изгризувајќи ја до cм-pт.
Застрашувачката сцена се случила пред сосетката на старицата, која избезумено повикувала помош, додека се обидувала да ѝ помогне на жената. Но, веќе било доцна.
85-годишната Глорија Серж животот го загубила откако во понеделник ја изгризал алигатор долг 10 метри, откако се обидувала да го спаси своето куче од канџите на рептилот.
Кученцето на Серж го преживеало нападот, а алигаторот подоцна бил фатен и еутанизиран.

Последните моменти од животот на Серж биле снимени со камера за диви животни во пензионерската заедница шпански езера Фервејс во Форт Пирс, Флорида.
На видеото се гледа жената додека шета покрај езерото со своето куче, кога алигаторот излегува на површина и се нафрла кон нив.

Серж се обидувала да го оттргне кучето од вилиците на аигаторот, па тој се нафрлил кон неа и ја зграпчил и влечел кон езерото.
Нејзината преплашена сосетка, 76-годишната Керол Тома се обидувала да ѝ помогне додека повикувала Брза помош.

Нејзината исплашена соседка Керол Томас (76) изјавила за Inside Edition дека се обидела да и помогне на жената додека била на телефон со 911.
„Има жена во езерото. Алигаторот ја зема!“
„Мислам дека ја нема, о Боже мој“, реклаТомас на телефонот.

Нејзиното тело подоцна било извлечено од езерото.
Локалните жители рекоа за Inside Edition рекле дека алигаторот бил мал и го нарекувале Хенри. Рептилот бил фатен и евтаназиран по нападот.
Властите на Флорида ги предупредуваат жителите да не ги шетаат своите миленици во близина на езерата во областа.
Серж е третата жртва што е убиена од алигатор на Флорида од јули минатата година.
