Заради неговиот стил велат дека е најчудно облечениот маж во Македонија, а на него носи облека и по неколку илјади евра
Без разлика дали ви се допаѓа или не, факт е дека стилот на Боки 13 едноставно не можете да го игнорирате
Ако постои маж кој се разликува од сите други во Македонија по својот стил на облекување, тогаш тоа сигурно е Бојан Јовановски, познат и како Боки 13. Тој самиот по себе е институција, кога е модата во прашање, а неговите комбинации предизвикуваат големо внимание на социјалните мрежи, како во Македонија, така и во целиот регион.
И без разлика дали ви се допаѓа или не, факт е дека стилот на Боки 13 едноставно не можете да го игнорирате
Интересно е тоа што поранешниот шоумен и водител знае како да ги изненади своите обожаватели со модни парчиња кои само тој знае да ги носи на таков начин, а и кога одвреме-навреме сака да паузира од ваквите необични изданија, и во „наједноставните“ комбинации носи парчиња кои се прескапи и за повеќето нас „обични смртници“ недостапни.
Па така неодамна не изненади и со ова издание во кое носеше панталони и мантил со впечатлив дезен.
Погледнете уште неколку интересни комбинации на Боки …