Холивуд

Заборавете на гламурозната венчаница на Меган Маркл – овој невестински фустан од турските серии изгледа пораскошно и поубаво!

Advertisement

Скапоцената венчаница која беше прикажана во хит серијата „Истанбулска невеста“ ги воодушеви сите жени

Advertisement

И додека западниот свет се уште се занимава со кралската венчавка и невестинскиот фустан од Givenchy на Меган Марл кој пленеше со својата елеганција и едноставност, во Турција една друга венчаница ја полуди женската публика и ги постави новите стандарди во таа област, а голема е веројатноста тоа набргу да се пренесе и во целиот регион.

https://www.instagram.com/p/BjN3NDKDtX-/?utm_source=ig_embed

Имено, во 51 епизода од хит серијата „Истанбулска невеста“ во конакот на фамилијата Боран се приреди свадбена веселба – се ожени најтивкиот и најзатворениот брат, Осман, кој го толкува Гувен Мурат Акпинар. Неговата избраничка Бурџу (Ебру Шахин) носеше фустан со потписот на познат шпански бренд кој има своја продавница и во Истанбул.

Advertisement

Според турските медиуми, на фустанот кој е креиран специјални за серијата, месец дена работеле десет мајстори. Направен е од раскошна француска тантела и украсен е со кристали. Во предниот дел е затворен, со големи „провокативни“ отвори на грбот, широки шпански ракави, дијагонално пресечено здолниште и далбок шлеп кој претставува олицетворение на боемскиот шик.

https://www.instagram.com/p/BjSDDlynGLP/?utm_source=ig_embed

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button