За ова се живее: Македонската водителка го покажа најголемото богатство – неговата насмевка е бесценета
Секој родител ќе се сложи дека насмевката на своето дете е бесценета.

Водителката Јелена ја покажа новогодишната магија во нејзиниот дом, а најубав украс е насмевката на нејзиниот син.
Водителката на емисијата „Магазин“, Јелена Богојевиќ освен на малите екрани, активна е и на социјалните мрежи, каде често споделува објави поврзани со нејзиниот приватен живот.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
Таа е една од ретките кои без проблем покажуваат како изгледа нејзиното секојдневие и времето кое го поминува со најблиските.
Минатата година стапи во брак со нејзиниот сопруг Срѓан Спасиќ, со кој долго време беше во врска, а истата година беа благословени со нивното синче Немања.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
Немања стана центар на нивното внимание и секој слободен момент тие се трудат квалитетно да го поминат со него.
Секогаш кога се во можност одат некаде на патување и прошетка во природа.
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
Јелена на Инстаграм сподели фотографија со која им ги стопи срцата на следбениците.
Станува збор за колаж од фотографии на кои се гледа како го украсила домот а претстојните праници, но најубавиот украс е широката насмевка на Немања.
Погледнете: