За Неџла сите знаеме, но погледнете како изгледаат Џеврие и Лејла од популарната турска серија „Кога лисјата паѓаат“ (фото)

„Кога лисјата паѓаат“ се уште важи за една од најгледаните турски серии во Македонија и регионот.

Во популарната серија играа многу познати актери и актерки, а меѓу нив и Гулер Октен која во серијата играше негативен лик. Таа ја играше лошата свекрва Џеврије која беше еден од најомразените ликови во серијата. Таа денес има 76 години и се има појавено во голем број серии и филмови.
Таа со улогата на Џеврија се прослави и тоа не само во Турција, туку и во многу други земји во кои се гледаше серијата. Во приватниот живот е потполна спротивност од ликот што го толкува, а за тоа сведочат и фотографиите што можеме да ги видиме на еден налог на Твитер.

Инаку, во серијата „Кога лисјата паѓаат“ главната приказна се вртеше околу семејството на Али Риза и неговата жена Хајрије, кои своите деца ги воспитуваа со висока морална свест и силни чувства за семејните врски. Во серијата играше и сопругата на Бали-бег, односно Фахрие Евџан која во серијата ја толкуваше Неџла. Во серијата една од ќерките на Али беше и турската актерка Ѓокче Бахадир која што ја толкуваше Лејла, а како тие денес изгледаат погледнете во продолжение.
Некогаш…



Сега…







