Живот по борбата со рак на дојка – Мартина од Босна се соблече за насловна и испрати силна порака што секој треба да ја прочита
Писателката Мартина Млинаревиќ Сопта според мислењето на многумина во Босна и Херцеговина е личност на годината.
Таа повеќе од една година се бори со рак на дојка за што зборува отворено, и уште на почетокот од лечењето и е отстранета левата града. Мартина затоа ја соблече нејзината кошула за новиот број на босанското списанието Грација , и го покажа животот на жените кои се борат со оваа болест.
Со насловната страница од списанието Мартина на Фејсбук објави и подолга статија со која испраќа силна порака до жените и до целото општество на Балканот.
Нејзината објава ја пренесуваме во целост.
Оваа насловна е затоа што постојано сме бомбардирани со совршенства без мани на секој чекор, бидејќи живееме во фотошопиран живот, затоа што нашите деца растат со извртен систем на вредности, каде што ’задниците и цицките” на старлетите и турбофолкерките се нешто за што постојано се зборува, живееме во помрачена Кардашинизација на умот, провлечени преку ’десетте води’ на филтрите на Инстаграм. Гледам мајки како објавуваат слики од своите деца кои ги зголемиле усните и очите, ставаат маскара со филтри и ја менуваат на бојата на зениците, гледам мајки кои подоцна тоа го финансираат и плаќаат вистински операции, бидејќи децата растат без самодоверба, убедени дека се некој друг, неспособни да се прифатат онакви какви што се.
Гледам девојки кои се грчат пред огледало за да заземат поза што го истура задникот во саканата положба, затоа прават повеќе чучњеви од прелистување на книги, бидејќи одамна она во главата престана да биде важно и да биде најразвиениот човечки орган. Во таков свет, сакав да ви покажам – ете, имам 35 години и останав без една града.
Онака, „од чиста мира“’, сосема здрава, без претходна најава, добив дијагноза дека имам карцином и ја изгубив градата. И што сум сега јас на овој свет? ’Жлибина’, како што јас сакам да ја карактеризирам ментална ретардација на паланката во која што живееме и лицемерството на нашите маала, се погрижив и тоа и да го научам – кај нас таквите жени ги викаат изроди. Добро, јас можеби сум изрод и како таква ти покажувам дека тоа утре можеш да бидеш и ти.
Ќе можете ли да се справите со тоа? Ќе имате ли некој да ви подаде рака и да покаже дека вредите и без ци*ки? Ќе постои ли вашиот Инстаграм и Фејсбук иако не можете повеќе да го исфрлите деколтето? Без коса, гради, менструација? Бидејќи сето ова може да се случи одеднаш.
И затоа се согласив. И тоа токму за новогодишниот број кога се сумираат најголемите успеси во сé посветкави тоалети. Јас преживеав, и тоа е мојот најголем успех. Славиме глупости, а луѓето, непознати херои секојдневно ги преживуваат своите најтешки битки. Без маски и филтри, исправени. Тоа е причината за оваа моја фотографија, а тоа е и пораката на оваа насловна страна.
Отворено до коска! Прегледајте се, на секој може тоа да му се случи. Не купувајте чанта, туку закажете преглед.
Поради насловните и нашето лицемерство, табуата, фактот дека ракот се уште го нарекуваат ’она најлошото’, тоа што за болните веднаш бараме погребно место и ги отпишваме од главата, ги туркаме на маргините, за незнаењето и неукоста на нашиот народ кога станува збор за било каков вид на болест, заради кршење на предрасудите.
Оваа насловна со белег за мојата Уна е нематеријален имот од нејзината мајка, бидејќи јас сум убава и вака. Ништо не успеа да зема карциномот, иако физички не изгледа така. Напротив, само ме надгради. Пред тоа бев само тврдоглав морон. Сега сум силна како бетон тврдоглав морон.