Жената со „коњско заби“ конечно доби нова насмевка – сега изгледа НЕВЕРОЈАТНО (по третманот што го направи во Турција)
Не била на забар цели 20 години!
Жена со „коњски заби“ поради кои не можела да ја затвори устата со децении, ја покажува својата неверојатна нова насмевка по стоматолошки третман од 6.000 фунти во Турција
41-годишната Леона Кларк се плашела да посети стоматолог цели 20 години
Мајката од Лондон постојано била изложена на потсмевање поради нејзините „коњски заби“
Во 2020 година, стоматолози во Обединетото Кралство и побарале 22.000 фунти за да и ги поправат забите.
Леона успеала да најде поволен третман за само 6.000 фунти во Турција и е пресреќна од резултатите.
Мајка на четири деца, која со децении не можела правилно да ја затвори устата, конечно доби нови насмевка по стоматолошки третман од 6.000 фунти во Турција.
Леона Кларк (41) од Лондон се плашела од посетите на стоматолог цели 20 години и често била исмевана поради нејзините „коњски заби“.
Ваквата состојба на Леона настанала поради тоа што во детството страдала од гингивитис, на заболување на непцата предизвикано од таложење на наслаги, поради што непцата се повлекле, а предните заби излегле нанадвор.
Поради лошто влијание на квалитетот на нејзиниот ѓивот, полусестрата на Леона и предложила да ги поправи забите на почетокот на 2020 година. Но, стоматолозите во ОК и предложиле да стави четири импланти и коронки, за што би биле потребни 22.000 фунти.
Разочараната Леона почнала да бара поевтино решение и нашла пакет услуги во Турција што целосно ќе и го решат проблемот за само 6.000 фунти.
Погледнете ја галеријата
Леона Кларк (41) била исмевана поради „коњските заби“ во училиште.
Леона се сликала пред операциите
Мајката на четири деца отпатувала во Турција на две операции во 2020 година.
Фотографија по втората операција
Леона проговори отворено за влијанието на нејзините заби на слабата самодоверба.
Taa vели дека нејзините заби биле ужасни, многу големи, гломазни, и дека се срамела поради нив. Воопшто немала самодоверба и никогаш не се смеела на фотографиите.
Поради трауматичните искуства со стоматолозите во детството, смртно се плашела од дупчалки и стоматолози со децении, што дополнително ја влошувало нејзината состојба.
Леона по првата процедура во март 2020 година, кога лекарите и ги извадиле сите заби, а и оставиле само четири.
Леона се вратила во Велика Британија со привремени заби во март 2020 година. На сликата: Леона ги покажува своите привремени заби по првата процедура
Предните заби толку ѝ се испакнале, што Леона со години не можела да ја затвори устата.
Иако била исплашена, се нафатила на процедурата во Турција, надевајќи се дека потоа ќе има совршена насмевка. Поради сложената состојба, морала двапати да ја посети Турција за изведување на потребните интервенции.
Првата операција, во март 2020 година, траела цели осум часа, а стоматолозите ѝ ги извадиле сите заби освен четири, ѝ вградиле 12 импланти и ѝ ги подигнале синусите. По пет месеци Леона оди на втората операција во Турција, на која ѝ ги извадиле привремените и ѝ ги наместиле новите заби.
Процесот на заздравување траел три месеци и бил прилично тежок, бидејќи морала да јаде само мека храна и постојано била гладна.
Сепак, маката се исплати!
По втората операција веќе нема никакви проблеми со забите, а нејзината самодоверба никогаш не била повисока.
Презадоволна е од лекарите во Турција и веќе неколку нејзини роднини и пријатели се упатиле на третман таму по нејзината препорака.
Леона е пресреќна – и тоа се гледа од нејзината насмевка.
Секако, четирите деца на Леона се исто така воодушевени од новиот изглед на својата мајка и сите позитивни промени кај неа по заедничката посета на Турција во 2020 година.
Леона сподели видео на TikTok за нејзиното искуство со забите, кое е прегледано над 73.000 пати.