Хороскоп

Жената Рак е нежна и емотивна дама со големо срце и душа, жена полна со несебична љубов за сите

Advertisement

Жената Рак е жена која ќе ве освои со својата добрина, жена со големо срце и голема душа, жена која по многу работи е единствена и посебна…

Advertisement

Жената Рак е научена сама да ги носи тешкотиите со кои се соочува во животот. Таа е скромна е и несебична и има голема трпеливост, па затоа е и многу добра за пријател и другар. Верува во подобро утре и се надева на посветла иднина, а нејзината позитивна енергија им годи на сите.

Таа лесно се прилагодува на својот партнер и ако е сакана тогаш таа во него гледа идол. Сака да мечтае за она што не ѝ го пружил животот. Нејзиното семејство, а особено нејзините деца, се нејзин живот. Сто тоа што таа никогаш не го добила, ќе се труди да им го даде на своите деца.

Каква е жената Рак во љубовта

Нејзиниот идеален партнер е некој кој сака да се гали на каучот, да гледа со неа телевизија и да и точи вино. Никаде не се чувствува подобро и побезбедно отколку во својот дом, и за неа семејството е најсветото нешто. По природа таа е фамилијарен тип на жена. Жената рак секогаш повеќе дава отколку што сака да земе и затоа секогаш е идеална за партнерка. Сака мирен, стабилен семеен живот и сигурноста и верноста и се најважни во нејзината љубовна врска.

Advertisement

Заведувањето и сензуалните фантазии се она во што жената Рак ужива неизмерно. За неа сексот е сензуалниот танц и со партнерот со кој што влегува во сексуален чин мора да биде емотивно поврзана. Сака маж кој во сексот ќе биде доминантен и со кој ќе учи нови сетилни задоволства.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button