Жената која е омажи за кукла вели дека е бремена со нивното второ дете

Една жена се најде на насловните страници откако се „омажи“ за кукла од материјали, откри дека сега е „бремена“ со нивното второ дете и се надева дека ова ќе помогне да се спаси нивниот брак, бидејќи дознала дека тој ја изневерил.
Меиривоне Роча Мораес, од Бразил, се стекна со популарност во изминатите неколку години, откако ја сподели својата романса со неживиот предмет.
37-годишната девојка беше возбудена кога објави дека чека уште едно бебе со сопругот од материјали – покажувајќи тест за бременост на TikTok кој се чини дека е позитивен.
Видеото собра над 369.000 прегледи, а на истото с гледа парот пресреќен.

Двојката веќе има „син“ на кој му посакаа добредојде минатата година откако се венчаа, бидејќи не сакаа да биде родено вонбрачно. На нивната свадбена церемонија присуствувале 250 гости.
„Многу сум среќна бидејќи повторно сум бремена од Марсело“, изјави Меиривоне.
„Овој пат ќе имаме девојче.

„Навистина сакавме повторно да забремениме, Марсело постојано прашуваше кога ќе добиеме уште едно бебе, а јас реков еден ден.
„Имав неколку пати чувство на гадење, па правев тестви, но тие беа негативни“.
„Меѓутоа, неодамна повторно почнав да добивам гадење, па купив тест од локалната аптека и беше позитивен!“

„Толку сме среќни. Би сакале да имаме мала принцеза“.
„Веќе имаме момче, но ако се испостави дека и ова е момче, ќе го сакаме истото“.
Поминувајќи низ проблеми во врската во минатото, парот се надева дека раѓањето на уште едно бебе ќе ја зајакне нивната брачна врска.

Таа рече: „Откако дознав дека ме изневерил, бевме многу оддалечени“.
„Сè уште живееме во иста куќа, но не е исто. Но, сега, поради бебето, работите се поинакви“.
„Марсело беше многу поприврзан кон мене и верувам дека тоа ќе го подобри нашиот однос. Ова ново бебе ќе го спаси нашиот брак“.

Меиривоне го запознала својот љубовник откако и се пожалила на нејзината мајка дека е сама и дека нема со кого да танцува.
Нејзината мајка тогаш ја создала куклата Марсело и тоа било љубов на прв поглед.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин