Жена му роди мртво дете, па загина во сообраќајка – дали новата девојка ќе успее да му ги излечи раните на познатиот актер?
Познатиот актер Кијану Ривс имал многу несреќи во животот
И тоа од најраното детство, кога почина неговиот најдобар другар па се до траумите од бракот и семејството, Ривс поминал низ трнлив пат во животот. Нему му се има случено и трагично искуство во љубовта од која никогаш нема целосно закрепнато.
Тој ја запозна актерката Џенифер Сими за која откри дека се вљубил во неа на прв поглед.
Сепак, една година подоцна, таа во осмиот месец од бременоста роди мртва ќерка Ава, по што немаше можност да се вратат среќните денови во нивниот однос. Чувствуваа неподнослива тага и болка, па затоа и се разделија само една недела подоцна и продолжија секој на своја страна.
https://www.instagram.com/p/Bc_c8Zil8uq/
Една година подоцна, Џенифер загинува во тешка сообраќајна несреќа, и тоа на лице место, како што открива полицискиот извештај. Во тоа време таа се лечела од депресија, и земала два вида на лекови што полицијата ги нашла во нејзиниот автомобил. Се шушкаше и дека музичарот Мерлин Менсон и продавал кокаин, но овие приказни не се потврдени.
По ова страшно и трауматично искуство, делуваше дека Ривс никогаш повеќе нема да биде истиот, а и самит никогаш не сакаше да зборува многу за приватниот живот. Но изгледа дека тркалото на среќата се заврте, па актерот неодамна беше забележан со една убава бринета.
Останува само отворено прашањето дали оваа девојка ќе успее да му ја врати вербата во љубовта и да му помогне да ги излечи старите рани, бидејќи по се што преживеа во неговиот живот, тој тоа и го заслужува!
.