„Жена ми многу ми раскинуваше, многу бев тажен“ – сопругот на Ребека си ја отвори душата!

Врската меѓу македонската пејачка Ребека Јанкоска Ристески и нејзиниот сопруг Милан Ристески била навистина бурна.
Милан инаку работи како менаџер на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија во Скопје. Како специјалист работи 11 години, како вработен од 2002, значи зад себе има скоро 20 години завидна кариера.
Ребека и Мики се долги години во брак и заедно успешно ги надминуваат сите препреки кои им ги дава животот.
Плод на нивната љубов се ивните три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.

Ребека и Мики се навистина пример за сите млади парови и важат за скалден пар, кој со заедничка борба, поддршка успеваат да ги надминат сите проблеми.
Милан во емисијата „Опуштено“ зборуваше и за прватниот живот и откри детали од приватниот живот.
„Конечно завршува школска година. Неподносливо беше. Овој модел на онлајн школување дај Боже никогаш веќе да не се повтори. Во тек на настава ако не ги прозиваш тие се губат, заспиваат. Во школо сосема поинаква е систуацијата. На дете место му во школо.
Да го нема покритието од родителот, треба навистина да внимава, не да ми се гали по дома. Тешко беше стварно“, кажа Милан во емисијата.

Тој откри како изгледа неговото секојдневие.
Со Ребека направиле договор, односно ги поделиле обврските. Тој се грижи за Маркијан и кучето, а таа за близнаците.
Прегледите на пациентите ги закажува малку подоцна, со оглед на тоа што наутро е задолжен тој да се грижи за Маркијан, додека близнаците се на компјутер и слушаат онлајн настава.
Уште еден член на нивното семејство е и кучето Раф.

Децата инсистирале на милениче и Ребека и Мики одлучиле да им го овозможат тоа.
„Неверојатно како умее да го почувствува Маркијан кога е нервозен. Се исправа, лае но никогаш не го повредил. Раф нема апсолутно никаква дресура.
Кон близнациве е различен. Мисли дека му се братчиња. Често кога не внимаваат без никој да ги види им зема од храната. Дечкиве кога имаат нешто во рака и се загледуваат во телевизија, за 5 минути го снемува. Весело е со него“, раскажа Мики.

Тој е инаку доста активен на социјалните мрежи, каде често знае да ги сподели и своите политички ставови.
Вели дека најголем медиум за искажување на своите мислења му е Фејсбук, каде дозволува и критика, но доколку премине во безобразие, преминува на блокирање.
Како успешен доктор тој имал можност во секое време да си замине од Македонија и да напраи кариера во странство, но тој сепак ја одбрал нашата земја.

„Ја сакам оваа земја, не само декларативно, но и со секое фрлање на ѓубре гледаш каде го фрлаш. Сакаш целиот лош импакт да се намали. Мојата животна филозофија е слична на десничарската. Стави го животот во рамките на доброто на целата заедница. Од тој апсект десничарските сите движења ми се блиски“, кажа Ристески.
Милан и Ребека освен околу домашните, имаат ангажмани и професионално. И двајцата имаат завидна кариера, а тоа бара многу труд и посветеност.
Сепак, мора да се признае дека одлично се снаоѓаат.

Тој во емисијата откри дека за жал не ѝ помага многу на Ребека околу домашните обврски јавно вети дека ќе се потруди повеќе да ѝ помага.
Интересно е тоа што тој пред да ја запознае во дискотека, не ни знаел дека Ребека постои, иако во тој период та важеше за најголемиот симбол на женственста во земјава и имаше успешна музичка кариера.

„Да не ја нагазев случајно не бев свесен дека она постои. Беше голем џган во локали, кога улетувавме со змијолики движења да се пробиеш до саканото место. У таква гужва мојата сегашна сакана сопруга случајно ја згазнав“, кажа Мики и раскажа дека пред бракот имале бурна врска:
„Жена ми многу ми раскинуваше. Еднаш 9 месеци, па еднаш 6 месеци, па три пати по 2 месеци, па 5 пати по месец, па 10 пати по 15 дена. Многу бев тажен“, кажа докторот.

Тој се ожени со навистина една од најубавите жени во Македонија, па кажа дали некогаш имал љубоморни напади и дали му пречело тоа што и другите мажи гледаат во неговата сопруга:
„Убавите работи треба да се почитуваат, луѓето во основа сакаат убави работи. Дали е убава жена, убава куќа, убава кола. Секој сака да гледа убави работи, никој не сака да гледа грди работи“ вели сикрено сопругот на Ребека.

















