Есмералда поради него прогледа – се сеќавате ли на најзгодниот актер кој ги полуде жените низ светот!
Овој згоден заводник го гледавме е во теленовелите Зора (Луис Манрике и Арелано), Од тука до вечноста (Едуардо Хуарез / Франко Санторо),.
Киднаперот (Карлос Даниел Брачо), Есмералда (Хозе Армандо Пењареал Де Веласко), Страста (Рикардо) де Саламанка / Рикардо Лопез) Карвахал), Вистинска љубов (Мануел Фуентес Гуера) и многу други.
Денес многумина го паметат по имињата во серијата.
И покрај неговата вклученост во бројни серии и одличните улоги, продуцентската куќа Телевиса го раскина неговиот договор со Колунг.
Причината е наводно неговото одбивање на улогата во една серија.
Денес изгледа дури и подобро отколку во помладите години.
Не е познато дали актерот е моментално заљубен и дали има девојка, но познато е дека се уште никоја не му го украла срцето за да ја однесе пред олтар.
Есмералда е една од најпопуларните мексикански теленовели. Оваа теленовела беше снимана и премиерно преикажувана во Мексико во 1997 година.
Серијата го освои целиот свет, како и нашата земја. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на МТВ Телевизија, во 1999 година.
Серијата во Мексико доби наградата за најдобра теленовела на годината.
Потсетување на серијата „Есмералда“.
Една врнежива ноќ се родени две бебиња, секое од нив ги чека прегратката од својата фамилија.
Но, опсесивната желба за машки наследник, ќе ги натера Доминга и Крисанта, две бабици, да ги заменат новороденчињата.
Момчето е родено во мала куќа, но првпат заплакал во огромна вила, додека девојчето кое се лулало во сребрена колевка, своите први чекори ги направила по шумските стази.
Цената на молкот за оваа страшна тајна се двете смарагдни обетки, и девојчето е наречено по нив, Есмералда. Родена е слепа, но добрината во нејзиното срце и дава доволно светлина во нејзиниот живот.
Многу години подоцна, Есмералда и Хосе Армандо се запознаваат и се заљубуваат еден во друг. Но, тајната од нивното минато, наскоро ќе излезе на виделина.
ФОТО: Есмералда / Инстаграм
ФОТО: Есмералда / Инстаграм
ФОТО: Есмералда / Инстаграм
ФОТО: Есмералда / Инстаграм
ФОТО: Есмералда / Инстаграм