Елена Велевска откри дали е заљубена: „Барам да прифати дека имам 3 деца“
Македонската пејачка откри дали има момче и дали верува во љубов после разводот.

Елена искрена до гола кожа, сподели детали за својот приватен живот.
Пејачката Елена Велевска е една од најдобрите вокали во нашата земја, која може да се пофали со кариера каква посакува секој пејач.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
Пред речиси пет години Елена го заврши бракот со бизнисменот Марјан Мирчески.
Иако нивниот брак изгледаше идилично и совршено, зад затворени врати тоа не било така.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
Елена одлучи јавно да проговори за сѐ низ што поминала и откри дека долги години трпела семејно насилство.
Плод на нивната љубов се нивние три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
Елена гостуваше во поткастот на Лазаров и отворено зборуваше за својот приватен живот.
Таа откри дека нема момче и не е заљубена, но дека и покрај лошото искуство и понатаму верува во љубовта.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
На прашањето што очекува и бара од еден маж за да може да ја освои, таа рече:
„Барам разбирање, барам љубов, барам внимание, барам поддршка комплетна, барам да ме прифати дека имам 3 деца, барам да знае да се носи со сѐ она што е поврзано со мене. Јас сум многу едноставен човек, знам што значи да се биде она што сум и никогаш не ме понела славата“, истакна Елена.
Таа потенцираше дека кога некој има лошо искуство потоа верува дека секој е лош, но дека и понатаму ќе ѝ дава шанса на љубовта.