Новости

Екпсерт за летање ПРЕДУПРЕДУВА: Никогаш не носете хеланки додека летате со авион

Advertisement

Експерт за летање ја откри застрашувачката причина зошто никогаш не треба да носите хеланки во авион, а исто така советува да не ги соблекувате чевлите додека сте во воздух.

ФОТО: Принтскрин

Новинарката за авијација Кристин Негрони со децении пишувала за воздушниот сообраќај и е авторка на бестселерот на Њујорк Тајмс, Детективите за несреќи.

Зборувајќи за Sun, таа објасни дека без разлика колку е примамливо да се чувствувате удобно на вашиот долг лет – веројатно не вреди да се ризикува во случај на катастрофа.

Advertisement

Таа објасни: „Можеби ќе треба да избегате преку пожар во кабината или може да има пожар на земјата откако ќе го напуштите авионот“.

ФОТО: Принтскрин

„Сега сите носат хеланки за јога во авиони, но јас ги избегнувам сите вештачки влакна бидејќи е поголема веројатноста да изгорат и да се залепат за вас доколку дојде до пожар“.

„И не ни помислувајте да ги соблечете чевлите бидејќи во истата ситуација би имале прилично болна прошетка до тобоганот за итни случаи и безбедност“.

Advertisement
ФОТО: Принтскрин

Таа продолжи: „Ако избегате од авион, подот може да биде многу топол или студен, може да биде покриен со масло или оган, или во поле со пченка – нема да сакате да бидете боси“.

Во другите вести, беше разоткриен урбаниот мит дека отпадот од патничките авиони се ослободува среде лет.

ФОТО: Принтскрин

Капетанот на „Ер Канада Дримлајнер“, Даг Морис објаснува дека тоалетите во авионите всушност се сервисираат на аеродромите, на „повеќето копнени постојки на летови на долги релации“.

Отпадот се исфрла од резервоарите за измет кои се сместени на задниот дел од авионот.

Во својата фасцинантна книга This Is Your Captain Speaking (ECW Press), капетанот Морис објаснува: „Постои табла за пристап во близина на задниот дел на авионот, па со цистерна се вшмукува изметот“.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button