Една чаша вино и македонските водителки се опуштија – еве што правеа во студио, вакви не сте ги виделе
Македонските водителки се опуштија во студио.
Една чаша вино, добра музика и атмофера и Милена и Александра почнаа да танцуваат.
Во моментов едни од најактуелните водителки на македонската ТВ сцена, Милена Антовска и Александра Пановска Илиевска покажаа дека умеат одлично да се забавуваат во секоја прилика.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
Иако периодов се во ек предновогодишните забави кои фирмите ги организираат за своите вработени, се чини дека вработените во Канал 5 се забавуваат и на работно место.
Приватно, Милена и Александра се посветени мајки и сопруги, а на малите екрани секогаш изгледат сериозно и на висина на задачата.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
Но, овој пат и двете се покажаа во малку поинакво светло.
Облечени свечено, во духот на празниците, Милена и Александра започнаа да танцуваат во студио, пред снимање.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
Милена покажа дека за добрата атмосфера е задолжено и црното вино, кое ги расположило водителките.
Видеото ги воодушеви фановите.