Една од најголемите светски музички ѕвезди го копира стилот на ФИЛИПОВСКА? Нејзиниот колега прв го забележа ова!
Кога се зборува за следење трендови и мода таа е меѓу првите во Македонија.
Најпознатата инфлуенсерка и водителка секогаш знае што да облече и какви аксесоари да користи.
Кога станува збор за Лила Филиповска таа секогаш изгледа средена од глава до петици, а од нејзиниот изглед се воодушевуваат многумина.
Таа викендов славеше роденден, па иако наполни 50 години изгледа помлада и позгодна од кога било.
Шармантната водителка за оваа пригода носеше долг црн фустан со шлиц до колковите и деколте во „V“ израз кој го истакна нејзиното вито тело.
-Премногу години за младост, премалку за старост … ама тамам за „БАШ МИ Е ГАЈЛЕ“
И еве ми остана уште да се заблагодарам на сите Вас кои ми го наполнија инбоксот со роденденски пораки, прекрасни желби, искрени честитки, жени царици, луѓе кои ги знам и не ги знам и на кои едноставно е невозможно да вратам засебно па затоа го користам овој начин.И би сакала да можам да ве поканам сите па ништо чудно следниот роденден да го славам на плоштад.
Благодарам уште еднаш и ви посакувам само убавини да ви се враќаат и да ми останете во добро здравје Ве сака ваша Лила“ напиша водителката.
Дека таа е една и единствена покажа и објавата која ја сподели нејзиниот најдобар другар Спасе на кратките Инстаграм приказни.
Тој објави фотографија од Лила на која носи очила за сонце од брендот на „Долче и Габана“, а од другата страна ја стави Бијонсе која ги носи истите очила па напиша: „Бијонсе малку касниш …“.
Според објавата и датумот Лила била прва која ги носела овие луксузни очила.
Уште еднаш покажа зошто важи за една од најзгодните и најпознатите водителки во Македонија.