Една од најважните жени во животот на Влатко Лозаноски објави досега невидена фотографија: „Еден ми е“

Една од најважните жени во животот на макединскиот пејач Влатко Лозаноски му посвети емотивна порака по повод неговиот роденден.
Преку шоу за млади таленти почна да го трасира својот пат кон македонското музичко небо, а денес по многу отпеани хитови со право може да се каже дека е еден од најпопуларните пејачи во Македонија.
Неговиот шарм, неодолива насмевка и глас освојува и ретко кој може да остане рамнодушен на неговите песни.

Лозано е миленик на сите генерации и поради тоа што секоја песна му е хит, и поради вокалните способности, но и скромноста која ја поседува.
Публиката се навикна секоја нова песна на Лозано да биде огромен хит, а и самиот тој се труди секоја да е подобра од другата и во тоа одлично му оди.

Веќе неколку години по ред неговите песни се едни од најслушаните.
Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе.

Денес зад него има ризница хитови кои публиката ги знае наизуст.
Тој не е многу активен на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели фотографии и да ги изненади своите фанови.
Но, личноста која споделува нивни приватни фотографии е неговата сестра Марија.

Марија е доста активна на социјалните мрежи, а своите следбеници ги радува најмногу со ретро фотографии од детството од неа и Влатко.
Марија Лозаноска е писателка и изработува накит.
Таа има напишано два романи на кои е горда, „Големото Л“ и „Другата“, а се испроба и како модел на познат бренд за долна облека.

Таа вели дека од почетокот верувала во Влатко и секогаш била во првите редови на неговите настапи, кои сега е невозможно да се добие карта или мсто во првите редовии поради големиот број на фанови.

По повод роденденот на пејачот неговата сестра упати јавна емотивна честитка.

Кратка, но полна со емоции.
„Среќен роденден на брат ми. Еден ми е, да ми е тука најдолго”, напиша Марија на Фејсбук, а веднаш под објавата почнаа да се редат честики и убави желби упатени до пејачот.

















