Еден татко 25 години ги снимал децата за Божиќ – кратко видео кое на многумина им ги насолзи очите (видео)
Постојат божиќни традиции, но и семејни божиќни традиции.
Од средината на 80-тите години до 2009 година, Пат Конфелон ги снимал своите деца во својот дом како се симнуваат по скалите на божиќното утро.
Неговиот син Ник неколку години подоцна сите снимки што ги најде во неговиот дом ги спои во една 30-минутната компилација, а за Божиќ 2010 објави и кратка компилација со која им ги насолзи очите на бројни корисници на социјалните мрежи која сега повторно стана вирална.
„Секоја година тато ќе нè снимаше како се симнуваме по скалите”, напиша Ник. „Ова компилација е направена од сите снимки што ги имам пронајдено. Роднините и миленичињата растат и исчезнуваат, а новите членови на проширеното семејство се појавуваат на нивните места”, додаде тој во описот на видеото што го состави пред осум години.
Ник денес е писател и продуцент кој живее во Лос Анџелес и има две деца. Неговата сестра Триција се омажи за момчето кое прв пат на божиќните снимки се појавува во 2007 година. Тој денес се занимава со недвижнини.