CelebrityНовости

Еден од членовите на “Ѕвездите на гранд“ доживеа cрцев удар среде емисија – болката беше толку СИЛНА што се онесвестив!

Advertisement

Ивана прозборе за немилот настан што и се случи среде емисија.

Advertisement

Познатата пејачка Ивана Петeрс (46) која на јавноста и е многу позната по групата „Негатив“ пред неколку години доживеа ср цев удар и мина низ агонија.

– Болката беше неопислива и мислев дека никогаш нема да престане. Во таа агонија се онесвестив, а кога си дојдов при себе, следеше шок. Јас, млада жена која се уште не ја достигнала својата 40-та година и жесток поборник на веганската исхрана, доживеав инф аркт пред камерите, среде емисија, раскажува познатата пејачка.

Advertisement

Неколку месеци пред тој кобен ден осетила неколку тежини и болки но  забележала  и дека многу брзо се заморува.

Не можев ни да потрчам

– Недостаток на воздух и заморување дури и  качување на втор спрат, трчање по автобус и местење кревет наутро не беа доволна причина да сфатам дека нешто не е во ред додека на снимањето на емисијата „ Кој е кој“ не се онесвесив, бидејќи да бев свесна, веројатно таа болка ќе ја занемарив како и сите претходни тежини и би си заминала дома.

Тој мартовски ден, и покрај веганската исхрана и реалативно млади години, доживеав срцев удар, но тој немил настан сега ми е опомена за цел живот, рекла Ивана.

Бидејќи неколку месеци пред да започнат тежините, болките и да забележувам дека брзо се заморуам, на Интернет ја пронајдов својата дијагноза, но не сакав тоа да го прифатам како реалност. Кога се случи инцидентот, Брзата помош брзо реагираше, па така Ивана имаше среќа, нема белег на срцето.

Во мојот случај не беа кобни моите години, пресудни беа некои други работи. Дури ни лекарите немаа одговор на прашањето што се случило, да холестеролот беше покачен, но тоа така беше и кога бев млада и доста слаба. Генетиката исто така не беше причина бидејќи никој во моето семејство нема срцеви проблеми, објаснува пејачката.

Без лекови не ја напуштам куќата

– Леков ите ми станаа мое секојдневие, и без кутивчето не ја напуштам куќата. Бидејќи бев малку слабокрвна, морав на сила да јадам и месо, вели Ивана, која веќе пет години ја пие терапијата.

Нејзината крвна слика денес е добра, се труди редовно да оди на тренинг и што повеќе да плива. Периодот кога едвај успевала да собере сила и да потрча за автобусот денеска сето тоа е зад неа.

И таа продолжува со својата музичка кариера, како што вели  не планира да ја запостави, но ќе забави со брзото темпо кое досега го имала.

– Животот е еден, а во мојот случај стресот не ми е потребен. Сфатив дека брзиот стил на живот е тоа што не ми годи, а оваа животна лекција за мене има друга драгоцена вредност. Ме начи да го чувам своето здравје и на крајот освен семејството, не постои ништо друго важно, изјавила Ивана.

Ивана ја менуваше Јелена Карлеуша неколку емисии во жирито на Ѕвездите на гранд минатата сезона.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button