Еден и единствен! Само Аца Лукас може да оди на одмор со поранешната сопруга – Ја отвори душата пред медиумите!

Аца Лукас ужива на море со Соња!

Најдобриот фолкер на балканската естрада Аца Лукас за српските медиуми откри интересни детали од приватниот животот, а и откри како се чуствува по објавувањето на својата автобиографија.
– Немам намера да бидам писател, многумина тоа го користат против мене. Напишав автобиографија што е сосема логично, а не сум пејач, рекол тој.

Кога сме веќе кај книгата која предизвика големо внимание, новинарите го прашаа во каков однос е со поранешната сопруга Соња за која нема многу пофални зборови во неговата автобиографија.
– Моментално сме заедно на море, тука е со мене. Ние сме во супер односи, рекол тој за медиумите што оваа изјава многумина ги остави изненадени.

Исто така Аца Лукас бил прашан за односот со пејачката Јелена Карлеуша со оглед дека тој никогаш не ја коментирал негативно и покрај нивниот бурен однос кој се случи пред камерите во најпопуларното шоу Ѕвездите на Гранд.
– Не сме во контакт, кратко изјавил пејачот и понатаму не сакал да коментира за неа.

Аца Лукас на своите настапи доста песни им посвети на покојните колеги Џеј и Шабан, па дали ќе продлжи на таков начин да се сеќавам на нив.
– Да секогаш пеам и ќе ги пеам на сите мои настапи. Зошто се легенди нормално, рекол пејачот.

Инаку Аца Лукас е благодарен што неговата книга убаво се продава, но и откри дека за сега нема никакви планови, зошто не се знае што носи денот.
ФОТО: Аца Лукас / Инстаграм
ФОТО: Аца Лукас / Инстаграм
ФОТО: Аца Лукас / Инстаграм
ФОТО: Аца Лукас / Инстаграм
ФОТО: Аца Лукас / Инстаграм
ФОТО: Аца Лукас / Инстаграм