Еве кои симптоми НЕ смеете да ги игнорирате доколку имате КОРОНАВИРУС – мора итно да барате помош од докторите
Ова се симптомите на пневмонија што никогаш не треба да ги игнорирате ако сте заразени со вирусот корона.
Експертите предупредуваат дека дури и оние кои се асимптоматски случаи можат да развијат симптоми на воспаление на белите дробови.
Според Светската здравствена организација (СЗО), дури 80% од случаите на заболените со коронавирус кои се лабораториски потврдени се со благи или умерени симптоми, 14% со тешки и 6% критични. Бидејќи првите симптоми на коронавирусот се појавуваат во периодот од 2 до 14 денови по инфекцијата, важно е цело време да се следи телото ако се појави кашлица или останување без здив.
Зошто Covid-19 предизвикува пневмонија?
Токму овие два симптоми се знак дека САРС-КоВ-2 се шири на белите дробови каде продолжува да ги инфицира клетките, кои потоа yми раат и отпаѓаат, што му отежнува на телото да ги одржува белите дробови чисти.
Воспалението предизвикува оштетување на ткивото на белите дробови, а со тоа и дополнително воспаление, така што овој злобен круг не запира сè додека има здраво ткиво што вирусот може да го уништи.
Воспалението може да објасни зошто сувата кашлица е еден од првите симптоми, а истото важи и за отежнатото дишење и создавање шлајм.
Кои се симптомите на пневмонија?
Останати симптоми што можат да се појават во оваа фаза се чувство на замор, болки во грлото, главоболка, болка во зглобовите или мускулите, треска и кивање.
После пет дена, хроничните пациенти може да имаат потешкотии при дишењето, а потребни се седум дена пред да завршат во болницата. Поблаги случаи обично поминуваат за ова време.
Средно тешките и тешките пациенти ќе добијат пневмонија, која може да варира од не-животно загрозувачки до опасни по живот. Овие пациенти можат да оздрават во рок од неколку дена, но на некои им треба и неколку недели.
Сепак, кај некои пациенти со тешка форма на инфекција и кај оние кои имаат критични симптоми, тие одеднаш можат да се влошат, така што можат да преминат во синдром на акутен пулмонален едем.
Пулмологот д-р Мирјана Даниловиќ за српскиот „Телеграф“ вели дека по појавата на првите симптоми на пневмонија, пациентите мора да направат скенер, а не рендген на белите дробови, како што обично се мисли.
„Тешко дека може баш без температура, можно е да постои некоја температура што се јавува, па поминува, а потоа започнува повторно или некоја кашлица, чувство на скратен здив, односно некои нејасни симптоми. Со новиот коронавирус, симптомите се движат од многу блага или драстично изразени кај оние кои имаат премногу силна реакција, но тоа дури и за нас кои ја вршиме оваа работа ни е тешко да ги препознаеме. Затоа е уште поважно кога се сомневаме сите потенцијални промени да ги провериме со скенер, а не со скенирање на белите дробови“ истакнува тој.
Колку време е потребно да се излечите од пневмонија?
Во просек, пациентите оздравуваат и се отпуштени од болницата по две и пол недели.
Кај најкритичните случаи, закрепнувањето може да трае со месеци. Се додека пациентот е во период на закрепнување, тој може да биде заразен. Овие луѓе треба да се консултираат со своите лекари и епидемиолози за да утврдат дали продолжуваат да претставуваат ризик за другите.
Нови симптоми
Според Светската здравствена организација најчести симптоми кај вирусот на ковид-19 е суво кашлање, висока температура и потешкотии со дишење.
Симптомите кои на почетокот се благи, но прогресивно се влошуваат слични се на грипот, со една разлика – грипот има пократко време на инкубација, но и краток интервал меѓу појавата на последователни случаи.
Грипот е многу поинтензивен, дури и делува доста драматично со болките во мускулите и зглобовите, а по неколку денови овие симптоми ослабуваа.
Кај коронавирусот почетокот е благ, а симптомите се проследени со сува кашлица и плиток здив и постепено се влошуваат. Покрај овие симптоми се појавува и губењето на сетилото за мирис и вкус.
Како да разликувате грип од Ковид-19?
На почетокот КОВИД-19 е многу сличен со настинка, со кашлање и кивање.
Настинка е ако немате температура – вели докторот Вилијам Хезлтин кој е стручњак за заразни болести.
Почетните симптоми во горните дишни патишта се слични на настинка. Но ако кашлањето почне да се движи низ градите, во подрачјето на долниот респираторен систем, тогаш луѓето треба да бидат загрижени. Тоа е знак дека би можело тоа да е од инфекцијата со вирусот корона.
„Доколку се чувствувате како да ви е во градите, а потоа и подлабоко во градите, тогаш е поприлично сериозно“, вели докторот и го додава следново:
„Тоа е моментот кога вашето тело почнува да реагира на тоа. Вашето тело претерано реагира на вирусот и создава оштетувања на градите, и тоа е моментот кога ситуацијата е најсериозна. Во моментот кога ќе премине од лесна настинка во воспаление на градите морате веднаш да посетете лекар“ вели Вилијам.
Но како што предупредува тој, луѓето најпрво треба да се јават кај докторот или во болницата, пред да одат на тестирање или лечење. Тоа ги намалува шансите заразеното лице да шири болеста, односно корона вирусот, на други луѓе при транспортот или во ординацијата кај докторот.
Сепак, во сериозни случаи, повикајте брза помош, вели тој.
Кај повеќето луѓе, околу 80 %, симптомите ќе бидат благи, поблиски до настинката, а некои нема ни да ги забележат.
Но околу 15 % ќе добијат сериозно воспаление на градите, а некои од нив ќе бидат и во критична состојба.
„Некои луѓе можат и да го изгубат животот од тоа“, вели докторот.