Еве како Тамара Тодевска ги израдува најмалите во детското село – ПЕЈАЧКАТА им однесе подароци на децата без родители
Месецот декември е во знакот на празниците и давањето, па затоа многумина ги отворија своите срца и направија добри дела.
Една од нив беше и нашата популарна пејачка Тамара Тодевска која подели новогодишни пакетчиња на децата од „СОС Детско село“.
Го наполни својот автомобил со пакетчињата и замина да ги израдува дечињата кои со насмевки и прегратки ја пречекаа и се израдуваа.
„Има ли нешто поубаво од детска насмевка? Највеќе на моите дечиња од@sosdetskoselo Ве сакам и тука сум секогаш за вас“ напиша Тамара на својот Инстаграм профил.
Секако ваквиот потег наиде на низа позитивни коментари и пофалби.
Дека празничната треска почна да ја „тресе“ Тамара покажа и кога го накити својот дом и ги израдува своите две деца со пакетчиња.
-Нашиот Дедо Мраз дојде порано оваа година и ни донесе мнооооогу слатки изненадувања, напиша таа.
Хана и Дарен облечен во новогодишни пижами, а мама Тамара со дискретна шминка и совршена фризура позираа насмеани пред нивната елка, а не изостана и нивното милениче.
Инаку Тамара е активна на социјалните мрежи, па често споделува и фотографии од теретана која често ја посетува, а по се изгледа дека се исплати.
Таа изгледа се поубаво, а често споделува и фотографии на кои е евидентно дека своето тело го доведе до совршенство.
Инаку Тамара е на музичката сцена долги години, а во 2019 година беше избрана да ја претставува Македонија за песна на Евровизија во Тел Авив.
Таа настапи со песната Proud и го освои седмото место во финалето со 305 бодови и со тоа го донесе најдобриот резултат за Македонија.