Еве како изгледала Шекеринска на почетокот од својата кариера – министерката покажа гoли нoзе, ова никој не го очекуваше!
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, отсекогаш изгледала елегантно и дотерано.
Таа веќе со децении е дел од македонската политичка сцена, а позната е и по нејзиниот елегантен дамски стил.
Но она на што малкумина се сеќаваат, е како Шекеринска изгледаше на почетокот од својата политичка кариера.
На социјалните мрежи неодамна исплови една стара црно-бела фотографија, на која танцува со Бранко Црвенковски, а она што прво паѓа во очи е комбинацијата што ја носи.
Таа е облечена во тесен, кус фустан со цветови и носи сандали со широки блок потпетици, а и фризурата и е многу поинаква.
Инаку, Шекеринска деновиве се најде во центарот на вниманието и заради една друга фотографија.
Имено, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, деновиве се најде не мета на критиките заради фотографија на која позира пред амблемот на некогашната Ослободувачка војска на Косово (УЧК). Имено, таа се фотографираше со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехариј, а на во заднината се гледа амблемот на ОВК.
Професорката и активистката Мирјана Најчевска на Фејсбук напиша дека таквиот потег на Шекеринска не постои оправдување, оценувајќи дека истакнување на амблемот на паравоена структура која во 2001 година учествуваше во конфликт со меѓуетнички карактер во најмала рака преставува поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост.
И покрај изјавата на Шекеринска дека „дејствијата од 2001 година се далеку и дека сега е 2020“, како и тоа дека најважно е „дали политичарите им служат на граѓаните“, реакциите и критиките не стивнуваат. Таа беше критикувана од Здружението на македонските бранители „2001 Куманово“, како и од Обединетата македонска дијаспора.
Критики на нејзина адреса пристигнаа и од Белград, каде министерот за одбрана на Република Србија, Александар Вулин, ја праша зошто Шекеринска не се слика пред кукасти крст, со објаснување дека поминале 75 години од оружениот судир и дека сега е време за добро управување, ако временскиот период е доволно оправдување се да се заборави.
Што мислите за овој гаф на Шекеринска?
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од социјалните мрежи од кои можеме да видите каков стил „фура“ нашата министерка за одбрана.
Фото: Фејсбук/ Радмила Шекеринска