Еве како изгледала во бременоста една од НАЈУБАВИТЕ АЛБАНКИ во Македонија, со трудничкото стомаче во преден план
Познатата албанска пејачка се потсети на деновите кои се најубави за една жена.
Аделина Тахири е пејачка на албанска поп-музика, но доста е популарна и на македонската естрада.
Освен убавиот глас таа има и стас и важи за една од најубавите пејачи во земјава.
Ужива во луксузот и речиси секогаш носи луксузна и брендирана облека и е средена од глава до петици.
Поради нејзиниот егзотичен изглед слободно може да се каже дека потсетува на светските ѕвезди.
Во кратките Инстаграм приказни таа одговараше на прашања на своите фанови, а во една од објавите сподели фотографија додека беше во блажена состојба, односно бремена.
На фотографијата Аделина позира пред огледало, а во преден план е трудничкото стомаче во 9-ти месец од бременоста.
Аделина и нејзиниот сопруг Сержоја се неколку години во брак, а круна на нивната љубов е нивниот син Јон.
Ова е второ дете и втор брак за Серјожа. Тој од првиот брак има ќерка.
Аделина во едно интервју откри дека љубовта помеѓу неа и Сержоја се случила без да забележи.
Раскажа дека тој ја молел да одат на кафе речиси година ипол.
– Не дека јас се занесував, но само што излегов од врска и немав потреба да се запознавам со никој, раскажа минатата година пејачката.
Тие се вистински пример дека брак меѓу две личности од различна националност може извонредно да функционира.