Еве како изгледа сопругата на нашиот фудбалер кој со голот во ПРОДОЛЖЕНИЕ во Палермо не направи горди Македонци
Момчето кое донесе радост на цела Македонија ја направи и сопругата горда, па таа му напиша емотивна порака.
Александар Трајковски по вторпат во својата кариера се покажа како кобен за Италијанците.
Првиот пат во 2017 година кога одигравме 1:1 и потоа во историски бараж за полуфинале.
Иако Италија беше фаворит и никој не веруваше дека една мала репрезентација како Македонија може да издвојува победа, сепак нашите момци успееја да го покажат спротивното и со тоа да ја израдуваат македонската публика. Оваа победа покажа дека на[ите фудбалери се нашите херои, и покрај тоа што потоа изгубија од Португалија и не успеаја да се квалификуваат на светското првенство..
Сепак, на натпреварот во кој момчињата во црвено жолти дресови ја однесоа победата, херој на вечерта беше Александар кој постигна гол во судиското продолжение и донесе радост за сите Македонци, додека пак за Италијанците големо разочарување.
По тој повод тој испрати порака и напиша:
– Ова е за моето семејство и за цела МАКЕДОНИЈА!, – порача стрелецот на голот во Палермо.
Цел интернет гореше од пораки, фотографии и твитови, а порака испрати и неговата сопруга.
-Вечерва Македонија е горда, вечерва е горда секоја личност која те познава, а јас сум горда и кога губиш и кога освојуваш. Ти благодарам за овој момент, благодарам за сите солзи радосници, благодарам што секогаш мислиш на нас. Ти благодарам што секогаш ме правиш најгорда жена. Те сакам-напиша таа.
Инаку тој е во брак со Александра, со која го имаат синот Матеј (5).
Македонскиот фудбалер често знае да истакне дека неговото семејство му е сè, односно дека токму тие му се најголемата поддршка во животот и кариерата.
Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо.
Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута. Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб.
Својот прв погодок за „сицилијанците“ го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.