CelebrityНовости

Еве како изгледа мајка му на Бака Прасе која е попадика – и го покажа ЛУКСУЗНИОТ стан од 2.5 милиони евра, погледнете ја реакцијата

Advertisement

Повторно во центарот на вниманието

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, не престанува да ја шокира јавноста со своите изјави и однесување.

Advertisement

Во последното видео тој ги повика своите родители во новиот луксузен стан со базен кој чини 2.5 милиони евра.

Добро дојдовте во мојот нов стан, им кажа кога пристигнаа.

Advertisement

„Ти всушност живееш на базен?“ се прашуваа неговите родители, коментирајќи дека тоа не е стан туку бања.

 

„Опушти се, имаш преку 18“, се пошегува со својата мајка познатиот јутјубер.

„Ова е џакузи, тато дојди да ме крстиш, коментираше непримерно Бака Прасе, а Ненад, кој е свештеник во српската православна црква, само преврте со очите.

„Треба да ти е срам, зарем вака те учевме“, го критикуваше неговата мајка.

„Тука јас спијам, тука ви ги спремам внуците“, се шегуваше познатиот јутјубер, а неговиот татко свештеник почна да се нервира и веднаш излезе од собата.

„Каде ти е работната маса, компјутерот, каде ти е кујната“, коментираше и го праша неговата мајка.

Погледнете како изгледаат неговите родители:

Инаку, Богдан Илиќ (23) познат под прекарот Бака Прасе, неодамна објави дека се повлекува и дека повеќе нема да снима откако се најде во центарот на ск андал заради наводна афера со малолетна девојка. Тој тврди дека не е виновен, а неговата одлука да се повлече не траеше долго.

Тој повторно се врати на својот канал на Јутјуб, а потоа и се почести со скапоцен подарок.

На Инстаграм и Јутјуб веднаш се пофали како го купи автомобилот од марката Ламборџини Урис.

„Конечно го купив. Сиромашки, ама чесно“, напиша тогаш Богдан.

Пред нешто повеќе од половина година јутјуберот се пофали како купи нов Порше иако веќе еден поседува.

Изглед и овој автомобил му здодеа, па реши да купи нов.

Бака Прасе неретко се фали со својата заработка што ја остварува преку социјалните мрежи.

 

Но, тој досега има покажано и дека е голем хуманист, снимајќи неколку видеа во кои им даваше пари на оние на кои тоа им беше најпотребно во тие моменти.

Како што самиот вели за себе, започнал од нула, а сега има три автомобил и златен ролекс часовник.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button