Еве како да ОСЛАБЕТЕ ДОДЕКА СПИЕТЕ: Овие трикови применете ги уште вечерва – губењето килограми НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛЕСНО
Правилното осветлување во вашата спална соба, вистинските вежби пред спиење, па дури и облеката во која спиете - сето тоа може да послужи како помош за оние кои сакаат да останат во форма.
Во продолжение прочитајте 5 научно докажани начини да останете во форма дури и кога ноќе ќе се опуштите на својот мек јастук.
1. Спиење со помалку облека
Кога спиете со помалку облека на себе, добивате некои здравствени предности, а една од нив е и слабеењето. Научниците сугерираат дека одржувањето на пониска телесна температура додека се спие го забрзува метаболизмот.
Масното ткиво произведува топлина додека согорува калории, а тоа го забрзува вашиот метаболизам во текот на денот за да ви помогне при слабеење. Спиењето без облека исто така ја подобрува циркулацијата на крвта, а добро е и за вашето срце и мускулите.
2. Доволно сон
Д-р Ричард К. Боган, истражувач на спиењето, рекол дека распоредот на спиење сам по себе може да помогне во слабеењето.
„Сонот е неопходен за нормална работа на телесните хормони и имунолошкиот состав. Ненаспан или поспан мозок е гладен мозок“, вели тој. „Лошиот сон доведува до дебелеење“.
3. Правилно вежбање
Ако имате повеќе мускулна маса, тоа ви помага да согорите повеќе калории, дури и додека спиете.
Секојдневното вежбање, особено тренингот со тежина, може да ви помогне да изгубите килограми.
Обидете да се да вежбате неколку часа пред спиење.
4. Спиење во студена и затемнета соба
Според студиите, луѓето кои имале пониска температура во собата за еден месец ги зголемиле бројот на калории кои нивната маст ги согорела за 42% и го поттикнала метаболизмот за 10%.
За да изгубите неколку килограми додека спиете, одибдете се со местењето на светлината. Истражувањата сугерират дека пред спиење се намалува нивото на мелатонин, а ако спиете со вклучено светло, има огромно влијание врз циркадијалната регулација на метаболизмот и доведува до дебелеење, според Sleep Foundation. Затоа подобро е да се исклучи телевизорот, телефонот и сите други светла и да се размисли за купување завеси за затемнување за да спречите надворешна светлина.
5. Јадете по распоред
Според нутриционистите, времето на оброкот и спиењето треба да биде утврдено по ист распоред секој ден. Шарлот Харисон, нутриционистка со седиште во Лондон, вели: „Нашето тело работи во циркадијански ритам, кој е негов внатрешен часовник. Времето на оброкот има големо влијание врз нашиот циркадијален ритам, па распоредот на внесувањето храна е многу важен“.