Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Атиџе ги пречекува гостите во родното село Бекирлија – МАКЕДОНСКАТА ХЕРОИНА повторно ни го разубави денот

Реклама

После некое време поминато заедно дојде време и Атиџе да ја прошета својата пријателка.

Светот остана воодушевен од нашата медена хероина која имаше можност да ја запознае во филмот „Медена Земја“ кој беше номиниран за две категории на еден од најпрестижните филмски фестивали.

Маркетинг

Медена земја го режираа Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кои го следеа животот на Атиџе Муратова, жената којашто живее во склад со природата и која на посебен начин ја покажа моќта, но и силата на обичниот човек.

Интересно е тоа што режисерите сосем случајно ќе ја сретнат Атиџе и ќе решат да снимаат документарец за нејзиниот живот и пчелите. И дури откако го снимиле материјалот, воочиле дека имаат сериозно добар филм пред себе.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Сепак животот на Атиџе драстично се промени, посебно откако е пријателка со Сузана Турунџиева која се обидува на мали, но сепак значајни начини да и го разубави животот на Атиџе.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

После некое време, Атиџе ја одведе Сузана на прошетка до Брегалница за која таа постојано зборува.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

– Толку многу имав (од Атиџе) слушано за убавините на река Брегалница, конечно дојде денот и да ја доживеам … Фала ти живот, напиша Сузана и објави неколку фотографии од двете насмеани покрај реката.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Атиџе уште еднаш покажа дека има медено срце, па пречека и гости во Бекирлија, а на својот Фејсбук профил се пофали со каква трпеза ја дочекале Атиџе заедно со нејзиниот брат Феим.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

-Привилегија и чест е да си гостин на трпезата на Атиџе и Феим. Раим, ти благодариме затоа што уште еднаш ни овозможи да ја доживееме Бекирлија,напиша Сузана во описот на фотографиите.

Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева

Благодарение на многу хумани луѓе трошната куќа во која Атиџе Муратова живееше денеска ги има сите потребни услови, а како што вели таа самата е многу среќна и благодарна на сите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button