Еве каде сега живее Мустафа, пејачот што спиеше под мостот – тажна приказна што го потресе целиот Балкан
Пее на улица од својата седма година, откако тој и брат му останале без родители
Уличниот пејач од Зеница, Мустафа Хрустуќ, веќе некое време живее под мост, а сега конечно има кров над главата
Благодарение на добрите луѓе, и пред се на пејачката Марија Шерифовиќ која апелираше да ја поврзат со ова скромно момче, тој се врати во стариот стан во Зеница, Босна и Херцеговина, каде што љубезно ја пречека екипата на српскиот Телеграф кои беа да го посетат во привремениот дом.
Трошната соба на периферијата од градот е неговото парче среќа и како што вели, благодарен им е на сите оние што му помогнале.
Неговата животна приказна е толку тешка што никого не остава рамнодушен. На седумгодишна возраст останал без родители, а луѓето што се грижеле за него од мали нозе го терале да заработува.
На тој начин Мустафа го изгубил правото на среќно и безгрижно детство, но и правото на школување заради што сега ја плаќа цената.
Тој денес живее од пеење на улица, а тоа го прави од својата седма година кога настрадал неговиот татко во сообраќајна несреќа.
Таткото загинал, а Мустафа и неговиот брат останале живи. Потоа оние што требало да се грижат за нив ги принудувале да работат за нив, а ако не носеле доволно пари, им се заканувале со ќотек.
Од тие причини тие почнале да бегаат од дома, без да гледаат дали е снег, дожд. Спиеле под балконите.
Тој како млад ќе се заљуби и ќе се ожени, но ќе доживее разочарување.
„Се оженив и мислев дека ќе бидам весел… но жена ми ме изневеруваше. Ја сакав, но си заминав и ја преболев. Во брак бевме три години. Таа и јас завршивме, немаме контакт. Се снајдов. Пеев по улици, Сречко ме снимаше. Тој е добар и му се заблагодарувам. И една госпоѓа ме тргна од улицата. Многу сум и благодарен. Кога беше најголема зима, ме прими во својот дом. И таа е болна, но готвеше и се грижеше за мене, раскажува за Телеграф ова момче.
Како што самиот вели, преку интернет научил да чита и пишуваа, а и комшиите му помагаат кога нема што да јаде.
Мустафа заработува така што пее на улица, но понекогаш има проблеми со полицијата. На тој начин заработува за кирија, а во врска со шпекулациите дека газдите го избркале затоа што немал пари за кирија, тој вели дека самиот го напуштил станот кога видел дека нема пари.
„На мене газдите ми кажаа дека не морам да одам, дека ќе ме почекаат. Но јас не сакам никому да сум му должен. Спиев во шаторот под мостот. Една госпоѓа ми даде перница, ќебе, имав душек. Ќе облечам јакна и ќе се покријам.. Но издржав“, изјави ова храбро и скромно момче.
Како што пренесуваат медиумите, по приказната за Мустафа многу добри луѓе се јавиле и му го платиле станот за два месеци.
Од друга страна и познатата пејачка Марија Шерифоиќ е решена да помогне откако слушнала за тешкиот живот на босанскиот уличен пејач.
Нејзиниот менаџер веќе се слушнал со него и планираат да му помогнат така што ќе му обезбедат што повеќе настапи како би можел самиот да застане на свои нозе.
„Глупо ми е јавно да зборувам дека ќе му помогнам на Мустафа, и дали тоа ќе биде на финансиски начин и не. Она што сакам е да апелирам на луѓето самите на себе да си постават прашање кој сме и што сме“, порача Марија за „Ало“.
Потсетуваме, Мустафа Хрустиќ, уличниот пејач од Босна и Херцеговина, го растажи целиот регион со неговата тажна приказна.
„Немав пари за кирија. Секој месец ми требаа 200 марки (100 евра) само за кирија и режиски трошоци, а каде е храната. Заради дождот не можев да работам. Месец и половина само врне дожд. Се обидов да барам работа. Луѓето ми ветуваат, па на крај нема да се јават. Една жена неодамна ми помогна, ми даде перница, ми изнесе сендвич и ми даде пет марки. Тука под шаторот живеам веќе седум дена, раскажува Мустафа за Јутјуб каналот Сречко Стиповиќ.