Еве зошто Јелена Ѓоковиќ му е најголема поддршка на сопругот
Зад секој успешен маж стои успешна жена
Новак Ѓоковиќ годинава ја завршува како прв светски рекет. И како што и самиот повеќе пати досега спомена, неговата најголема поддршка во животот му е семејството, и пред се неговата сопруга Јована.
По повод овој голем негов успех, но и радоста што конечно завршија натпреварите и Новак наскоро ќе биде малку повеќе слободен за да посвети поголемо внимание на неа и семејството, Јелана се огласи со емотивна порака на својот Инстаграм профил и го напиша следново.
https://www.instagram.com/p/BqZ9KSijnLy/
„Горда сум и пресреќна. Каква прекрасна приказна живееме ние… неверојатна година за сите нас. Браво, љубов моја! – напиша Јелена Ѓоковиќ на Инстаграм покрај величествената фотографија на која е во прегратки со својот сопруг.