Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Лила Филиповска – изгледа БРУТАЛНО, победничка која никого не остава рамнодушен!
Многумина се согласни дека нашата позната водителка никогаш не изгледала поубаво.
Најпознатaта водителка во Македонија, Лила Филиповска, ги изненади сите со своето ново издание со кое се појави во популарната емисија „Сé или нешто“.
Таа едноставно блескаше иако носеше црно од глава до пети, облечена во провокативна креација.
Имено, водителката носеше црна креација направена од мрежа така што во преден план беа нејзините облини.
Многумина се согласни дека Лила никогаш не изгледала поубаво, посебно заради новата фризура што ја носи од неодамна.
Таа целото издание го зачини со црвен кармин, големи златни обетки и црни сандали со високи потпетици.
Потсетуваме, Лила неодамна откри низ што сé поминувала додека се соочувала со тешката болест. Таа беше главна гостинка на промоцијата на новата книга „Ти си таа“ на познатата српска хуманитарка и инфлунесерка Ана Дорник која исто така се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со оваа тешка болест. Лила тогаш за прв пат во емотивен говор отворено зборуваше за нејзината борба, а нејзините зборови трогнаа многумина.
„И знам од каде потекнува тоа… Од мојата тага по мојот татко од чија смрт веќе 10 години се поминати.
Јас не можев и сè уште не можам да се изборам со таа тага, а мора. Имам живот, имам дете, имам мајка, јас навистина знам дека сѐ почна од таа тага, којашто знам дека ја имам во галони и со која не можам да се справам и затоа сум лута сама на себе.
Морав да се потрудам да го прифатам тоа што се случи и уште ми е така тешко.
И потоа имав еден огромен стрес, баш огромен стрес, и јас потсвесно знаев дека тоа мора некаде да оди и тоа и се случи. Јас, кога ја добив дијагнозата од една страна бев изненадена, а од друга страна ми беше очекувано.
И си велев сама на себе: „Ете виде Лила што направи… Е, сега како што си дозволила да влезеш во кашава, има да се извадиш“ зборуваше Лила отворено за тешката борба од која што излезе како победник.
Таа деновиве се потсети и на моментот непосредно пред операцијата и објави фотографија од операционата сала.
„Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на “пред” и “после” оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка. Сосема спонтано направена од мојата другарка @annie_a_mark a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики . И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува . Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!! Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникит пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена. Кога хирург како др Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш. А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка. Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ !!!“ напиша Лила под фотографијата што може да ја видите во продолжение.
Погледнете уште неколку фотографии од „новата“ Лила…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска