Е ова е чиста љубов – познатата македонска актерка сподели ФОТОГРАФИИ со кои никого не остави рамнодушен
Јаков ги направи првите чекори и тргна бос да истражува- Гордата мама Јелена се пофали на социјалните мрежи
Јелена Јовановска или позната како „Јелена од Драчево“ која ја гледавме во серијата Преспав“ на социјалните мрежи покажа колку нејзиниот син пораснал.
Имено таа на кратките приказни на Инстаграм постави видео на кое тој чекори бос.
Малиот Јаков ги направил првите чекори, а гордата мама го сними и се пофали на социјалните мрежи.
Малиот Јаков облечен во летна кошула и кратки панталончиња ја израдува мама со своите чекори.
Таа од 2015 година плови во брачните води со хрватскиот актер Стјепан Периќ.
Првите фотографии од свадбата Јелена ги објави две години по свеченоста кога за прв пат покажа како изгледаше во венчаницата во полн сјај.
Како што можете да видите, убавата актерка избра да носи креација која е тесна во горниот дел, со 3/4 ракави, со големи, волуменизирани карнери во долниот дел кој е со асиметричен крој. Она што секако е за пофалба е тоа што Јелена избра да носи фустан со потписот на една од нашите најдобри дизајнерки, Тања Кокев, а имаше и пократка варијанта со кој ги истакне нозете.
Минатата година во јуни на Стјепан и Јелена им се случи најубавата работа што може да е случи на еден пар. Тие станаа родители на нивното прво дете, синот Јаков.
Иако таа не го покажа лицето на својот син објави неколку фотографии меѓу кои една на која Јаков седи покрај прозорецот и покажа дека пораснал.
Јелена вели дека нејзиниот син е бистар, забавен, многу сладок. Весело, насмеано и љубопитно бебе.
На прашањето на кој повеќе личи таа изјави: „Мислам дека е совршен микс од двајцата“.