Дракче со емотивен статус ги расплака сите- „10 години без тебе тешки мачни и празни МАЈКО“
Македонската водителка со емотивен статус за својата мајка и ги расплака сите.
Драгица Стевковска или како што народот милува да си ја нарекува Дракче е позната водителка и нумеролог.
Народот ја знае по нејзината емисија „Патот на светлината“, во која таа им ги толкуваше соништата на своите гледачи.
Драгица е во брак со кралот на македонската музика Орце Стевковски со кого имаат две деца.
Драгица важи за емотивна жена која има поминато многу низ животот.
Дракче со емотивен статус посветен на својата мајка ги расплака сите.
-Мајките не умираат, тие имаат вечен живот во срцето на детето.
10 години без тебе тешки мачни и празни МАЈКО.
Денес е денот на твоето раѓање, денот ќе го носам во моето срце. Ти мајчице не го славеше твојот ден зошто животот ти покажа мачна страна, зошто солзите ги бришеше да не видиме, а твојата насмевка беше секогаш присутна. Немам видено поборбена жена и силна жена од тебе, ги газеше сите препреки со многу работа и чесност. Твојата ѕвезда свети на небото свети за нас свети да не бидеме тажни. Ти ни внесе храброст во нашите срца да одиме само напред не враќајќи се назад и со насмевка да ја голтаме тагата.
Името ти е ЅВЕЗДА, но блескаш посилно од сите ѕвезди на мајчице моја.
Денеска во сеќавање на тебе ќе горат само свеќите и молкум во мислите сеќавањата на тебе.
ТИ СИ ЖИВА МАЈЧИЦЕ ВО СРЦАТА НА ТВОИТЕ ДЕЦА … -напиша Дракче на својот фејсбук профил.
Инаку Дракче освен што е водителка, таа е и нумеролог. За едно списание таа изработуваше и дневен хороскоп, но и нумерлошки карти на познатите личности. Вели дека предвидела дека пејачот Влатко Илиевски ќе ја претставува Македонија на песна за Евровизија, но и дека Ѓорѓе Иванов ќе стане претседател.