Жена која знае да ужива во секој момент од животот.
Таа е една од најпознатите водителки во Македонија, а покрај тоа важи и за една од најзгодните.
Постојано е активни на социјалните мрежи, а во 2018 година беше прогласена и за инфлуенсер на годината.
Токму поради тоа Лила Филиповска ја бараат многу познати фирми за да ги рекламира нивните брендови и често патува па го споделува секој детаљ од патувањето заедно со своите фанови.
Луксуз, плажи, елитни хотели и вкусна храна, а овојпат таа ги спакува куферите и отпатува во Дубаи, но за разлика од обично друштво не и прави нејзиниот другар Спасе, туку е во друштво со неколку дами.
Со оглед на топлата клима нема сомнеж дека уживаат, а Лила од изгрејсонце до зајдисонце ужива максимално.
Едноделен циклама костим за капење и очила за сонце во тон за уметнички впечаток и ноќно капење, а преку ден се разладуваше во хотелскиот базен.
За хотелот во кој е сместена нема потреба да се зборува, луксуз на сите страни и неверојатен поглед кој го одзема здивот, но она што навистина е за пофалба од нивна страна е изненадувањето кое и го приредија на Лила.
Имено тие ја украсија спалната соба со балони, листови од роза и фотографии на кои таа позира и со нејзиниот сакан Рагнар.
Иако Лила неодамна наполни 50 години таа изгледа неодоливо и помладо барем 15 години од тоа што е.
Секогаш знае што да облече и да изгледа неодоливо!