Девојче (11) пронајдено мртво во својата соба – таткото сакал да го разбуди, но затекнал страшна глетка
Таткото повеќе не може да живее во истата куќа
Сите ја паметат како насмеана и мирна девојка…
11 годишната Рокси-Меј Барбер од Гримсби , Велика Британија, беше пронајдена мртва на 4 мај мината година кога нејзиниот татко Мајкл отишол во нејзината соба да ја разбуди да оди на училиште.
Рокси со својот татко последен пат зборувала претходната ноќ, кога разговарале сосема нормално и таткото не забележал ништо необично.
Но утредента, во седум часот наутро, таткото тропнал на нејзината врата и потполно бил скршен кога ја видел потресната глетка.
Како што пишуваат британските медиуми, според истрагата објавена минатата недела, нема докази за самоубиство.
Судскиот вештак утврдил дека и покрај тоа што чинот кој довел до нејзина смрт бил намерен, таа не сакала да се самоубие.
Мајкл не може да живее во куќата откако ја пронајде безживотното тело на својата ќерка во креветот на нејзината соба.
Цвеќиња и подароци од другарчињата на Рокси
Рокси претходно живеела со својата мајка на друга адреса, а како што вели нејзиниот татко, нејзините работи ќе ги пренесат во новиот дом во кој ќе се преселат, каде Рокси ќе добие своја соба.