Двегодишното момче што пропадна во дупка во Шпанија вчера беше пронајдено мртво
Mисијата за спасување на двегодишно дете заробенo во дупка во Шпанија траеше 13 дена и заврши трагично.
Спасувачите конечно беа во можност да стигнат до Џулен Росело на 26 јануари, по цели 13 дена откако тој во неделата падна во тесната бушотина додека се шетал со неговите родители, во Тотан, на јужниот брег на Шпанија. По неколкудневните напори, детето беше пронајдено, но за жал мртво. „За жал, вчера во 1:25 часот, спасувачкиот тим стигна до местото каде што го бараше Џулен и го пронајде безживотното тело на малиот”, напиша на Твитер претставникот на централната власт во југозападниот регион Андалузија, Алфонсо Родригез Гомез де Целис.
„Мое сочувство до семејството”, додаде тој.
Вчера вечерта спасувачките екипи стигнаа на половина метар од момчето во Шпанија, кое пропадна во дупката. Тие го ископаа последниот дел од длабокиот тунел за да стигнат до двегодишно момче Џулен, кое пред 13 дена падна во бунар во градот Тотан во Шпанија.
Малиот Џулен Росело падна на 13-ти јануари во тесна бушотина длабока 110-метри. За да стигнат до момчето за кое не беа сигурни дали преживеало, спасувачите мораа да ископаат два тунели и да користат експлозиви.
Потсетиме, Џулен, на 13 јануари, влезе во длабоката дупка од 110 метри кога шеташе со своите родители на отворено покрај фарма во место во близина на Малага. Падна низ отворот кој е широк помеѓу 25 и 30 сантиметри. Инженерите потрошија една недела за да ископаат во земјата паралелна дупка длабока 60 метри пред да почнат со копање на хоризонтален тунел од 4 метри со кој ги поврзаа двете дупки.
https://www.youtube.com/watch?v=_NRPTTtQmWA