Реклама
Наши ѕвезди

Дали и Ана Николиќ тргна по стапките на Боки 13? Се преполови – со липосукција го отстранила салото, и тоа за 10.000 евра?

Реклама

Многу познати личности од регионот подлегнаа на инвазивни методи за да го тргнат салото на стомакот, па така и пејачката Ана Николиќ, наводно, неодамна направила липосукција, пренесуваат српските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Ана Николиќ

Пејачката која драстично се поправи по бременоста, на најразлични начини се обидуваше да ослабне, но безуспешно. Како што пренесува Курир.рс, Николиќ дури и откако започнала со ригорозна диета и тргнала со тренинзи во теретана, не била многу упорна и се откажала, па по кратко време и се вратиле килограмите. Поради тоа решила да направи липосукција на телото, а резултатот бил очигледен само неколку дена по интервенцијата.

Но и покрај тоа што таа ги демантираше овие наводи преку нејзиниот Инстаграм профил, многумина ја поддржаа на социјалните мрежи, коментирајќи дека нема ништо лошо и во тоа навистина да направила липосукција.

Маркетинг

Од друга страна на многумина не им е баш јасно за каков третман станува збор, па решивме малку да истражиме и во кратки црти да ја објасниме оваа метода која во послено време е мошне популарна во целиот свет.

Фото: Инстаграм/ Ана Николиќ

Во прашање е современа метода за отстранување на салото од одделни делови од телото. Доколку Ана навистина направила липосукција, тогаш очигледно е дека пејачката одлично ја поднела операцијата и немала никакви компликации. Наводно, според пишувањата на одредени српски медиуми, најголема интервенција хирургот кај неа направил во пределот на стомакот, бутовите и рацете, а за целата работа Николиќ потрошила околу 10.000 евра.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ана Николиќ

За телото да го прими новиот облик, оние што ќе го поминат третманот не смеат да јада сé. На пациентите им се препишува и нова исхрана која не е ригорозна како многу диети, но мора да се храни поздраво, односно во организмот да се внесува што повеќе зеленчук и природен шеќер за што побрзо да се изгубат вишокот килограми.

Николиќ е позната како убава жена која постојано варира со килограмите, па затоа кога нема да внимава на исхраната, а притоа ќе консумира и алкохол, за многу кратко време може да се поправи и преку 10 килограми.

Фото: Инстаграм/ Ана Николиќ

Но од пред три години таа се поправи преку 30 килограми, па нема да се изненадиме и ако навистина одлучила да направи липосукција, а сега не сака јавно да зборува за тоа, впрочем како и многу други познати ѕвезди од регионот кои не зборуваат радо на оваа тема.

Принтскрин
Боки пред да ослаби

Па така пред речиси десетина години се шушкаше дека и Бојан Јовановски , попознат како Боки 13, направил липосукција во приватна клиника на Дедиње. Но тогаш, како што пренесуваа српските медиуми, Боки направил липосукција само во пределот на лицето и вратот, и тоа непосредно пред својот концерт во Белград. Тогаш низ медиумите се шушкаше и дека отстранувањето на масните наслаги на овој дел од телото се само почеток за Боки, и дека наскоро планира да направи интервенција и во пределот на торзото, и да ослабне некои 35 килограми по што би изгледа како топ модел.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Боки сега

Боки и тогаш, како и сега, не сакаше да зборува за медиумите на оваа тема, но тогаш најави дека наскоро ќе видиме сé. Неколку години подоцна, тој навистина направи неверојатна трансформација, а познато е само дека истата ја направил во клиника во Лондон. Не е познато дали е во прашање липосукција или некоја ригорозна диета, но она што е сигурно тоа е дека Боки сега изгледа потполно непрепознатливо и веќе неколку години успешно се справува со вишокот килограми. И за тоа заслужува само пофални зборови.

Познати ѕвезди кои направиле липосукција

И Весна Змијанац не зборува радо за липосукцијата, односно за решавање на проблемот со салото на стомакот. Нејзините пријатели кои тогаш беа со неа, велат дека две недели била закотвена во креветот и дека при секое поместување на телото трпела големи болки

Принтскрин

Тони Цетински е еден од ретките познати кој има признато дека направил липосукција на стомакот. Иако редовно вежбал и внимавал на исхраната, пивскиот стомак постојано му пречел и му одел на нерви. По операцијата носел стегач и не можел сам да си го врзува врвките на патиките.

Што е липосукција и колку чини?

Липоскулптура или липосукција е еден од најпопуларните третмани кога е во прашање пластичната хирургија. Со оваа метода успешно можете да се решите од вишокот маслени наслаги на различни делови од телото како што се нозете, колената и пределот под колената, потоа на внатрешните страни на бутините и надлактиците, колковите, грбот, горниот дел или долниот од стомакот.

Методот е таков што масните наслаги буквално се исшмукуваат преку мали кожни убоди за кои се користа посебни инструменти – канили кои се вовлекуваат под кожата. Третманот може да трае од 1 до 5 часа и обично се прави во епидурална анестезија со аналгоседација, што овозможува да нема болка и пациентот да се опушти, па и да заспие. Кога е во прашање закрепнувањето, веќе од 5 – 7 дена пациентите можат да се вратат на редовните животни активности, а по интервенцијата потребно е околу месец дена да се носи стегач за да собере вишокот кожа.

Кога се во прашање цените, тие генерално зависат од регионот во кој се третираат – од тежината и обемноста на третманот, кредибилитетот и локацијата на клиниката, професионалноста и искуствата на хирурзите и слични фактори.

Фото: Инстаграм/ Ана Николиќ

А што е липосукциска диета?

Постој и таканаречена липосукциска диета која неодамна стана позната во регионот благодарение на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ (49). Во прашање е еден од најпопуларните режими на исхрана во модерното време кој брзо се рашири низ светот.

Оваа диета е одлична за оние што сакаат да ослабнат до 10 килограми во релативно краток период, и тоа со помош на секојдневни намирници што лесно се пронаоѓаат во продавниците и ги има речиси во секоја кујна во овој регион.

Во прашање е исхрана која првенствено се темели на зеленчук и внесување на масти и протеини. Тоа всушност е лесна медитеранска кујна – риба и пилешки стек со маслиново масло и обилни прилози со зеленчук и салати.

Покрај ова, пожелно е и да вежбате, така што резултатите ќе бидат многу поефикасни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button