Гранде Пандев објави фотографија со саканата и ги разнежни своите обожаватели – горд татко и маж каков секоја би посакала!
Македонската фудбалска легенда со својата сакана го прослави Денот на вљубените.
Популарниот фудбалер Горан Пандев ретко објавува фотографии од семејството на социјалните мрежи, но секако дека постојат и исклучоци.
Некогашниот капитен на македонската фудбалска репрезентација вчера славеше заедно со својата сопруга Надица, па објави заедничка фотографија на која позираат прегрнати и насмеани во Парма.
Тој од 2009 година е во брак со прекрасната Надица Хаџи-Скерлева, која исто така е родум од Струмица и со која има три дечиња – синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија која се роди во 2018 година.
Пандев во неколку наврати изјави дека толку семејството му е најголема поддршка.
Македонската легенда Горан Пандев важи за еден од најдобрите фудбалери родени под македонското небо.
Капитенот на македонската репрезентација својата интернационална кариера ја започна пред 20 години, односно поточно во летото 2001. Тогаш Пандев кој фудбалската кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, на само 18 години беше продаден на Интер од Милано.
Гранде Пандев, како што денес многумина го нарекуваат, тогаш беше продаден за сума од 250.000 евра.
По неколку години, односно на 15 април 2006 година, Пандев во дресот на Лацио за прв пат во својата кариера постигнува два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно.
Најголемиот успех со Лацио, Пандев го остварува во 2009 година, кога го освојува Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, тој е најдобар стрелец во ова натпреварување. За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигнува 48 голови.
Гранде Пандев досега има носено дресови на вкупно осум фудбалски тима: Беласица, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај и Џенова, а од неодамна тој почна да игра во Парма.