Градоначалникот на Кавадарци имаше убава причина за славење – ПОГЛЕДНЕТЕ какво изненадување му приреди сопругата
Македонскиот стопанственик и политичар од редовите на ВМРО ДПМНЕ имаше причина за славење.
Тој прослави јубилеен роденден со своите најблиски и ги дувна свеќичките на роденденската торта, па објави и неколку фотографии.
Во кругот на најтесното семејство градоначалникот наполни 40 години, а она што многумина забележаа беше тортата.
Иако многу мажи се љубители на пиво, за градоначалникот пивото е продукт кој го произведува една од неговите компании.
Митко Јанчев е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, а магистерските студии на истиот ги завршил во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел на 23 годишна возраст, по ненадејната см-рт на неговиот татко кој бил основач на компанијата.
Митко Јанчев бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка“ во Кавадарци каде бил и дарител. Донирал и во образованието а една од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци и ја основал противпожарната служба во градот.
Тој на изборите кои се одржаа неодамна доби уште еден мандат како градоначалник на Кавадарци и победи уште во првиот круг.
Приватно, Јанчев е сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила.