Градежник ДЕМОЛИРАЛ куќа додека сопствениците биле на одмор

Градежен работник срушил цел имот од 475.000 фунти додека неговите сопственици биле на одмор, а причината за тоа е расправијата која ја имале за пари.
Куќата во Стонигејт, Лестер, останала без покрив и била демолирана, откако работникот одлучил да го уништи сето тоа што го сработел.
Четирисетгодишникот Џеј Курџи, сопственик на куќата, изјавил дека тој и градежникот се скарале поради банкнота од 3.500 фунти.
„Ја купив куќата минатата година. Градежникот започна со работа во февруари и сакавме да завршиме многу работа за да може да стане наш семеен дом за нас шестмина“.

„Сакавме доградба на два ката, нов покрив, нови жици и да биде еколошки прифатлива. Но, за жал, го избрав најлошиот градежен работник за тоа“.
Курџи, контактирал со полицијата, која рече дека се работи за граѓанско прашање, а не за кривично дело, пред да испрати и е-пошта на Trading Standards.
Тој рекол дека откако одбил да му доплати на работникот дополнителни 3.50 фунти, работникот одлучил да се одмазди.

Соседите кои живеат на истаа улица рекле дека гледале со неверување како голем дел од куќата бил урнат со копач.
„Имаше скелиња на куќата и кога беа тргнати, помислив дека работата е веќе завршена и дека сопствениците можеби ќе се вселат“, рекол еден од соседите.
„Бев запрепастен кога поминав покрај куќата минатата недела и видов дека покривот е откорнат, а новата доградба беше само дупка во предниот дел на куќата“.

Курџи рекол дека во моментот кога градежникот ја демолирал неговата куќа, тој бил на одмор, 200 милји одалечен од својот дом. Инидентот се случил во вторникот.
„Јас контактирав со полицијата, која рече дека станува збор за спор, а не за кривично дело, па испратив порака и до Trading Standards.
Курџи истакнал дека ќе стапи во контакт со градскиот совет на Лестер откако ќе се врати од одмор.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин