Госпоѓа Трамп потполно ја засени Брижит Макрон – француската прва дама НЕ можеше да и парира на Меланија во ова издание
Меланија Трамп го придружуваше Доналд Трамп при посетата на Брисел каде се одржуваше дводневниот самит на НАТО.
Убавата Словенка за патување избра беж мантил од култната британска модна куќа „Burberry“, а потоа на состанокот со првите дами и сопруги на премиерите кои се дел од НАТО самитот на концертот на класична музика организиран во капелата на Кралицата Елизабета носеше фустан во морнарска сина боја. Фустанот беше без ракави и со потписот на модната куќа „Calvin Klein“, а целото издание го украси со бели шпиц салонки од Кристијан Лобутин.
https://www.instagram.com/p/BlHDpLCBCk7/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BlHHG3bBUeD/?utm_source=ig_embed
Вечерта пак на коктел забавата впред дводневниот самит, Меланија носеше бел фустан од „Elie Saab“ кој покрај превисоката цена од околу 8000 долари се истакнува и со специфичната ласерска изработка, со тил од проѕирен материјал со тропски мотиви и постава во „nude“ нијанса – боја која одговараше со изборот на лакираните високи потпетици повторно од Кристијан Лобутин.
https://www.instagram.com/p/BlG2wL1hAUQ/?utm_source=ig_embed
Меланија и на двата настана се сретна со француската прва дама Брижит Макрон кај која во формалните изданија овој пат доминираше белата боја.