Горда до небо- Нејзината ќерка ја победи тeшкaта болecт, а сега нова радост во семејството на Јулија
Иако поминуваше низ тежок период таа никогаш не ја тргна насмевката од лицето.
Јулија Мациевска е сега водителка но и мотивациски говорник и со години и помагаше на нејзината ќерка во борбата против канцерот која за среќа неодамна го победи.
Радосната вест веднаш одекна на социјалните мрежи, а коментарите за добро здравје и честитките постојано пристигнуваат.
„Денеска е ден за славење, осма, последна хеемо терапија за Андријана. Поминавме одлично, сите со прекрасна енергија, што целиот процес се одвива успешно. Со нас е професионална екипа, сестрите Тијана и Жане, братот Мики и секако д-р. Нино Васев, со максимална посветеност направија да ни помине времето брзо и лесно.
Тука е и нашата Пепи, најдобрата другарка на Андријана и мојата втора ќерка која не опсипа со најитната љубов и ни донесе подароци, прекрасни напишани пораки како што самата таа знае и умее, зошто има срце како планина. Благодариме од се срце, прекрасни луѓе.
Вашата мисија во нашите животи е многу важна ни помогнавте да го пребродиме најтешкиот дел од нашите животи. Бидете благословени од Бога со убавини за вашата благодарна мисија. Благодарам Господи за милоста твоја вечна и непресушна. Слава и фала Боже мои“, напиша тогаш во објавата на социјалните мрежи.
Сега Јулија имаше нова причина за славење односно, станува збор за настан во Свети Николе каде што награди добиле и таа и ќерката и внуката.
„Во Свети Никола, во Домот на културата, се одржа поетско-музичката манифестација „Уметност-преточена во поезија и музика“, во организација на Милица Паулус-жена кралица, уметница, лавица. На манифестацијата зедоа учество еминентни поети и уметници од полето на музиката, а беа доделени значајни признанија од страна на организаторот.
Им честитам од срце на сите учесници и добитници на тие вредни признанија.
Навистина бев изненадена и почестена за многуте награди и признанија што ги добив, за кои сум неизмерно благодарна. Ви благодарам и драга Милица Паулус.
Златна плакета за пејач и текстописец
Златна плакета за поетското дело „Распната на крст“
Златна плакета за успешен новинар и водител на емисијата „Будење со Јулија“
Златна статуетка
Ова беше мојата награда изненадувањето беше големо, кога Милица ги додели на мојата ќерка Андријана Мациев – платинеста плоча за целиот уметнички опус и на мојата внука Стефанија Начевска, како млад актер, за улогата на госпоѓа Јулија.
Драга Милица, јас и моето мало семејство, мојата ќерка Андријан и мојата внука Стефанија, уште еднаш ви благодариме од срце и ви посакуваме успешна мисија“ напиша Јулија.
Се надеваме ќе има уште многу вакви убави моменти.