Горан Бреговиќ „тежи“ 35 милиони евра – ѕирнете во неговиот рај, но тоа не е се!

Популрниот Горан Бреговиќ од својата музика одлично заработува тој низ целиот свет одржува концерти со кои ја воодшевува светската публика.
Медиумите пишуваат дека Горан Бреговиќ до сега има 30 куќи, вили, станови, гарсоњери во вредност од неверојатни 35 мииони евра.
Тој само во Белгад поседува две вили со огромни ѕидови.
– Горан Бреговиќ може да се пофали дека во сопственост има над 30 недвижноти во регионот, а околу 15 има само српската престолнина. Горан на ваков начин се обезбеди севе а и неговите најблиски. Имено, Горан Бреговиќ повеќето станови и вили ги издава или ги продава, а минатата година за своите ќерки им купил неколку станови, открива за Блиц.рс извор близок до пејачот.
Горан Бреговиќ многу млад ја започна својата кариера и нормално е да има направено волкаво богатство. Почетокот на неговата какриера ја започна со Бијело Дугме.
Ѕирнете во куќата на Брега која ја има над Сараево
Славниот музичар има прекрана вила на Јахорина.Оваа вила се простира над 450 квадрати и вреди околу половина милион евра.
Тука престојувале многу голем број колеги и пријатели на Бреговиќ , дури и во оваа вила биле снимени и неколку спотови.
Запознајте ги ќерките на популарниот музички уметник Горан Бреговиќ
Горан Бреговиќ ,има три прекрасни ќерки Уна, Ема и Лулу.
Горан по татко е Хрват, а по мајка Србин, сопругата му е муслиуманка, а трите ќерки имаат различна вероисповед.
-Моите деца кога беа мали за време на Бајрам беа муслимани и добиваа подароци, за време на Божиќ и Велигден беа христијани, бидејќи и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет – е будист. Тоа секако не ни пречи. Моите деца ќе бидат Французи, макар што сакаат да доаѓаат во нашите краеви и имаат другарки тука. А за сопругата и за мене е доцна, ние двајцата секогаш ќе си бидеме наши, вели Брега пред неколку години во интервју за „Блиц“, кој ги има ќерките Ема, Лулу и Уна. Едната е муслиманка, другата будист, а третата ја има православната вероисповед, изјави Горан Бреговиќ во едно дамнешно интервју.
Бијело дугме го создаде Горан Бреговиќ
Бијело дугме е основен од Горан Бреговиќ којшто е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано Бијело Дугме.
Горан Бреговиќ често пати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи “девојките повеќе ги сакале музичарите”. Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на Бијело Дугме се напишани од други автори, на пример: Ima neka tajna veza, Glavni junak jedne knjige, Šta bi dao da si na mom mjestu и Pristao sam biću sve što hoće се напишани од Душко Трифуновиќ, Da sam pekar и Selma од Владо Дијак, Лоше вино од Арсен Дедиќ итн.
По собирањето на првата постава на бендот, Бијело Дугме под име Јутро го потпишува договорот за издавање на сингл со компанијата Радио Крушевац. Првиот сингл е наречен Kad bi’ bio bijelo dugme. По издавањето на синглот, менаџерот на бендот го убедува Бреговиќ да го промени името во Бијело Дугме.
Набрзо по промената на името, Горан Бреговиќ и легендарниот музички продуцент и ловец на таленти Никола Борота Радован биле во можност да го снимат и издадат првиот хит сингл под знакот на Југотон.
Синглот ги содржел песната “Top” со “Ove cu noći naći blues” на Б страната. Песните се снимани во “Studio one” на државното Радио Сараево и се првите стерео записи направени со mono recording опрема. Одговорен за овие иновации повторно е Никола Борота Радован со помош од тонмајсторот Антун Марковиќ.
Извор: Курир.рс, Блиц.рс Википедија