Голема прослава во семејството на Цеца Ражнатовиќ – пејачката беше НАЈСРЕЌНА, се потсети и на најубавите години во животот!
Беше весело во нивното семејство
Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, го прослави својот 25-ти роденден.
Популарната фолк пејачка радосните вести ги сподели на својот Инстаграм профил, а Вељко веднаш доби голем број честитки и од нејзините фанови.
Вељко во 2019 година заплови во брачни води со Богдана Родиќ со која во јуни 2020 се остварија во улога на родители.
Тие тогаш добија син на кого му го дадоа името Жељко, а живеат во медиумска илегала во родното село на Богдана.
Но и покај тоа што Вељко и Богдана се обидуваат својата приватност да ја сочуваат само за себе, многу фанови на нивната љубов ја следат речиси секоја нивна објава на социјалните мрежи, па така не можеа да поминат незабележано ни оние што беа споделени во рамките на нивните „Инстаграм приказни“, а на кои се гледаат детали од тоа како е уреден нивниот семеен дом во Тител.
Имено, снимката на која се гледа како малиот Жељко игра во просторниот дневен престој откри како изгледа овој дел од нивниот дом.
Може да се види како неговите родители се потрудиле да му приредат вистинска празнична магија зачинета со бројни украси и фигури, како и прекрасно накитената голема елка во која Жељко ужива за сите пари.
Од друга страна, на една фан страна на Цеца беше објавено и видео направено од повеќе снимки на кои можеме да видиме како изгледала пејачката во младоста, заедно со нејзиниот син.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ