Наши ѕвезди

Го охрабри тоа што ќе стане татко – еве како реагираше Дарко Лазиќ на радосните вести

Advertisement

Вестите дека Марина Гагиќ, свршеничката на Дарко, е бремена, ги потврди и неговата мајка Бранка.

Advertisement

Среќната вест дека познатиот пејач наскоро ќе стане татко по втор пат, која доаѓа во овие тешки моменти за него, го израдува целото семејство, како и неговите пријатели, колеги и обожаватели. И додека на Дарко до скоро сите му упатуваа зборови на поддршка за побрзо да оздрави и се молеа за неговиот живот, сега сите му честитаат.

Веста дека Марина е бремена ја потврди и неговата мајка, Бранка, како и негвоиот пријател и менаџер, Миљан Врачевиќ.

„Веста дека ќе стане татко го охрабри многу и нема ништо поубаво од тоа. Тој уште од првиот ден беше насмеан кога му беше подобро, а сега е уште попозитивен. Во ниту еден момент не потклекна со духот“, открива менаџерот на Дарко за порталот Еспресо.рс.

Advertisement

Поради оптимизмот и добрата соработка со докторите, Дарко закрепнува брзо. Неговиот менаџер вели дека се уште не е префрлен на ортопедија, но дека ситуацијата оди на подобро и тоа благодарение на докторите кои го дале својот максимум за да му помогнат на пејачот.

На прашањето дали во болницата го посетува и неговата поранешна сопруга, Ана Севиќ, менаџерот на Дарко изјави дека одамна ја нема видено кај пејачот, но и дека нивниот однос воопшто не го интересира.

„Што ќе прават тие, тоа е нивна лична работа“, изјави тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button