Го напуштила факултетот бидејќи немала пари – македонската фолкерка со најубав зaдник ДЕНЕС ЖИВЕЕ ЛУКУЗЕН ЖИВОТ

Македонската фолк-пејачка Џесика Палашоска важи за една од најзгодните пејачки на македонската јавна сцена. Пејачката може да се пофали и дека е сопственичка на најубавиот зaaдник во земјава.

Освен што неуморно работи на музичката кариера, таа е активна и на социјалните мрежи каде често споделува фотографии и од својот приватен живот и прошетките на егзотичните места, но и од теретаната каде што може да ја видиме буквално без грам шминка, но и со дeколте од милион долари!
Таа вели дека за да изгледа така добро вежба по два часа во теретана.Нејзиното мото е „Во здраво тело, здрав дух“.
На социјалните мрежи, но и во медиумите Џесика е главна тема, па понекогаш знаат да се прошират и лажни вести, трачеви за неа. Таа вели дека на таквите вести повеќе не реагира бурно, туку напротив се смее. Знае дека ова е шоу бизнис и не очекува сите да ја сакаат, ниту да се пишуваат само убави работи за неа.

На својот Инстаграм профил Џесика Палашоска сподели фотографии од одморот во далечниот Тајланд. Тоа значи дека и добро заработува штом парите ги троши на далечни топ-дестинации.
Истакнува дека најмногу на свет сака сонце, плажа, бикини, море, океан, природа, животни. А, на Тајланд што се однесува до животните, и тоа оние егзотичните, згодната Македонка посака да се фотографира со вистински слон во тиркизните води на океанот. И таа и слонот уживаа и во сликањето и во капењето.
„ Се доближив до овој земен рај, уживам во убавините што ни ги подарила мајката природа“, напиша згодната пејачка, прилепчанка, од егзотичниот Тајланд.

Но, и покрај тоа што сега живее во голем луксуз, по се изгледа животот не ја мазел пејачката. Во интервју за „Репортер“ пејачката откри дека студиите кои ги започнала на Економскиот факултет не успеала да ги заврши, бидејќи немала доволно финансии за тоа.
Но, пејачката и студент по маркетинг-менаџмент одлучи да го заврши започнатото и да им се врати на студиите.
Таа покрај музичките обврски, секојдневно учи и ги подготвува испитите. Упорноста секогаш се исплати, а пејачката со сигурност ќе го иполни зацртаното.
„ Со оглед на тоа што бев одлична ученичка во средно школо , а и на факултет имав добри отценки, решив , сега да им се вратам на студиите. Имам уште два испити од прва година и затоа сакам што побрзо да ги положам за да можам да ги спремам испити и од втора година на студиите“ откри Палашоскза за „Репортер“.

Сега откако доволно заработува од својата работа, Палашоска вели дека нема да дозволи повторно да заостане и дека конечно ќе дипломира.
„Среќна сум што ќе го завршам факултетот. Но, да бидам искрена не оди лесно и музика и настапи и учење. Сие ме прашуваат зошто одмарам од музиката, ама морав да направм пауза и тоа супер ми дојде за да сватам што во иднина сакам да работам“, искрена е фолк-пејачката.

Русокосата пејачка може да се пофали со бројни настапи низ Канада и Австралија, а неодамна го издаде и спотот за песната „Слободна“.
Како што самата изјави во емисијата „Живот со стил“, каде беше гостинка заедно со Елена Велевска и Сани Гроздановска кај водителката Елена Стефановска, таа се уште е во потрага по идеалниот маж, а на своите егзотични патувања најчесто патуваше со поранешното момче.

Приватниот живот не сака да го експонира во јавноста, па како што самата вели, го крие како змија нозете, иако признава дека веќе некое време е слободна.
„Изминатата година беше еден голем предизвик за сите нас и ако ви речам дека беше совршена ќе ве излажам. Но во нашата човекова природа е да се надеваме и навистина се надевам дека Новата 2021 ќе ни донесе пред се многу здравје затоа што и тоа како сфативме дека ни е најважно и бесценето, да ни донесе многу љубов, насмевки и неизмерна среќа. Да го заборавиме минатото, да научиме повеќе да го цениме сегашниот миг и да го уживаме до бескрај. А соништата секогаш нека ни се најголеми“, напиша Палашоска на својот Фејсбук профил.












