Гавазова не престанува да ги изненадува своите фанови – уште едно НЕВЕРОЈАТНО издание на познатата фолк пејачка
Секоја нејзина објава привлекува огромно внимание и не остава никого рамнодушен.
А како и би останале рамнодушни кога се работи за една од најзгодните пејачки на македонската фолк сцена.
Сузана Гавазова во последно време е доста активна на социјалните мрежи, а секојдневно покажува дека е вистинско освежување.
Нејзиниот стајлинг никогаш не поминува незабележан, а така беше и овојпат кога се појави во две комбинации во кои наликува на вистински суперхерој излезен од стрип.
Таа постави кратко видео на Инстаграм каде облече интересна црвена кошула со тул на ракавите и околу вратот и кратко здолниште со принт на оган, вистинска огнена жена.
Додека пак на кратките „приказни“ беше облечена во целосен ултрамодерен комбинизон кој го истакна нејзиното совршено тело.
Следуваа голем број комплименти и пофални зборови на сметка на нејзиниот изглед.
Иако е мајка на две деца таа изгледа неодоливо, а тоа се должи и на редовните посети на теретана, но и генетиката.
Таа во една прилика ги покажа нејзината сестра и нејзината мајка, а за нивната убавина не мора да се зборува, а тука се и ќерките на Сузана, Селена и Емили кои ги наследиле добрите гени.
Таа направи неколку фотографии на Инстаграм за да го овековечи моментот за спомен.
-Моја сестра, моја крв. Мама моја ѕвезда водилка, напиша Гавазова за фотографијата со сестра си и мајка си, а од приложеното може да се види дека физички се доста слични.